Хрватскиот писател Миљенко Јерговиќ добитник на наградата „Прозарт“

Хрватскиот писател Миљенко Јерговиќ добитник на наградата „Прозарт“

Хрватскиот писател Миљенко Јерговиќ ќе биде петтиот добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес во развојот на книжевноста на Балканот, што ја доделува Интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“. Наградата на еден од најзначајните писатели во регионот ќе му биде врачена на 30 мај во Даут-пашиниот амам, на затворањето на фестивалот, кој го организира издавачката куќа „Икона“,

Миљенко Јерговиќ, кој беше гостин на првото издание на „Про-за Балкан“, е роден во 1966 година во Сараево, а денес живее во Загреб. Автор е на повеќе од 30 романи, збирки раскази и поетски изданија. Добитник е на голем број национални и меѓународни книжевни награди, како наградата за мир „Ерих Марија Ремарк“ (1995), италијанската Premio Grinzane Cavour (2003), Ангелската книжевна награда за најдобар роман во Средна Европа (Полска, 2012) и наградата „Његош“ (2015). Тој е еден од најчитаните автори во регионот.

– Драго ни е што еден од најбескомпромисните писатели и колумнисти, луцидниот критичар на секојдневието и политиката и, најверојатно, најчитаниот автор од екс Југославија од неговата генерација, Миљенко Јерговиќ, прифати да ја прими наградата „Прозарт“ во Скопје. После лауреати како Владислав Бајац, Даша Дрндиќ, Вида Огњеновиќ и Георги Господинов, Јерговиќ ќе го зацврсти реномето на наградата „Прозарт“ меѓу литературните кругови во Европа и пошироко, изјави Дејан Трајкоски, директор на фестивалот.

На годинашното издание на фестивалот, кој ќе биде отворен на 28 мај во 19.30 часот во Даут-пашиниот амам, гости ќе бидат и авторите: Наташа Крамбергер од Словенија, Мурат Ѓулсој од Турција, Владимир Пиштало од Србија, Антон Баев од Бугарија, како и македонскиот писател Влада Урошевиќ. Специјален гостин на фестивалот ќе биде исландскиот писател Браги Олафсон. За делата на гостите ќе зборуваат: Александар Прокопиев, уметнички директор на фестивалот, Ермис Лафазановски, претседател на Одборот за доделување на „Прозарт“, и Владимир Јанковски, модератор.

Во рамките на фестивалот и годинава ќе се одржи програмата „Скопје фелоушип“ во која гости ќе бидат тројца познати издавачи – Емануел Колас од Франција, Ненад Шапоња од Србија и Тамер Саид од Дубаи. Тие ќе се сретнат со писатели од Македонија и со членови на Македонската асоцијација на издавачи.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со укинувањето на титулата Национален ... „СДС има пари да вработува и да ангажира дополнителни советници во министерството за култура, докажани партиски војници, учесници во шарената револуци...
Концерти на Хели Сиекинен и на „Т.А.О“ бендот вече... Втората вечер во рамки на џез-викендот на „Охридско лето“ предвидува два концерти и тоа на финската уметничка на хармоника и бандеон Хели Сиекинен од ...
Во Крива Паланка изведена монодрамата „Песни за та... Поеми од Никола Јонков Вапцаров интерпретирани во вид на монодрама насловена „Песни за татковината" од актерот Петар Темелковски беа претставени синоќ...
Изложбата „Спектрум“ на Маја Кировска во Португали... Изложбата „Спектрум“ на Маја Кировска ќе биде претставена на манифестација во Брага, Португалија што се одржува од денеска до 6 септември. На изло...
Заврши 18. Меѓународна ликовна колонија „Ниже Поле... Ликовни уметници од повеќе држави во регионот го завршија учеството на 18. Меѓународна ликовна колонија „Ниже Поле“ која од 2000 година се одржува во ...
Божиновска: Укинувањето на Законот за национален у... Укинувањето на Законот за национален уметник на Република Македонија, претставува врв на понижувањето на сопствените културни дострели од страна на СД...