Шкотска нема да учествува во преговорите за Брегзит

Шкотска нема да учествува во преговорите за Брегзит

Британскиот премиер Тереза Меј одби шкотските власти да учествуваат во преговорите за Брегзит со ЕУ, пренесоа француските медиуми.

-На овие преговори ќе преговарам како премиер на Велика Британија. Ќе продолжиме да разговараме и работиме со шкотската Влада и другите регионални управи, но изборот е јасен кој на 8 јуни ќе седи на масата за преговори – јас или Џереми Корбин, лидерот на лабуристичката опозиција, изјави Меј во Единбург, каде ја престави програмата на Конзервативната партија за парламентарните избори на 8 јуни.

На овој начин таа го отфрли барањето на шкотскиот прв министер Никола Старџен, која сака Шкотска да остане во ЕУ или на заедничкиот европски пазар откако на референдумот од 23 јуни минатата година мнозинството Шкотланѓани гласаа против Брегзит.

-Ако се има предвид дека таа сака Шкотска да се оддели од Велика Британија и да биде во ЕУ, човек може да се запраша од која страна на масата за преговори сака да седне, за Старџен кажа шефицата на шкотските конзервативци Рут Дејвидсон.

Официјалните претставници на ЕУ на 19 јуни се подготвуваат за почетокот на преговорите за Брегзит, но очекуваат датумот да се потврди по британските парламентарни избори, закажани за 8 јуни, пренесоа британските медиуми.

Европската комисија преговорите со Лондон ќе ги води од името на 27-те држави кои остануваат во ЕУ, кои на министерска средба во понеделник ќе го потврдат мандатот што му го даваат на главниот преговарач на ЕК, Мишел Барние.

Поврзани вести

Автомобил се залетал во автобуски постојки во Марс... Најмалку едно лице загинало, а едно е повредено откако автомобил влетал во две автобуски постојки во Марсеј, пишува Еуроњуз. Според медиумите, се у...
Мароканецот Јунес Абујакуб го возел смртоносното к... Истражителите веруваат дека Мароканецот Јунес Абујакуб (22), по кого трага полицијата, бил возач на комбето кое влета меѓу луѓе на шеталиштето во Барс...
Се активира вулкан на Камчатка... Најголемиот евроазиски вулкан Кључевскаја, кој се наоѓа на рускиот полуостров Камчатка, исфрли пепел во висина од шест километри над морското ниво, со...
„Паризиен“: Автомобилот од Камбрилс бил снимен пор... Автомобилот, со кој е извршен нападот врз пешаци во шпанскиот туристички град Камбрилс, во кој загина една жена, бил забележан од безбедносни камери е...
Изгубениот американски воен брод од Втората светск... Американскиот воен брод од Втората светска војна „Индијанополис“ е откриен на дното од Пацификот, 72 години откако една јапонска подморница го потопи....
Меркел: Одлуката за отворање на Германија за бегал... Германската канцеларка Ангела Меркел и понатаму останува при својата одлука од пред две години дека треба да се отворат границите на Германија за пове...