МЗТ Скопје Аеродром поведе со 2-1 во финалето од плеј офот

МЗТ Скопје Аеродром поведе со 2-1 во финалето од плеј офот

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром поведе со 2-1 во финалето на плеј офот откако вечерва во натпреварот број 3 на домашен терен го совладаа тимот на Карпош Соколи со 86:80 (21:16; 23:18; 19:20 и 23:26).

Во првиот дел од натпреварот шампионот имаше водство кое на полувремето изнесуваше 10 поени (44:34). На почетокот на последниот период МЗТ Скопје водеше со 70:54, сепак Карпош Соколи со многу подобра игра во одбраната намали на 79:77, а Кендрик Пери промаши слободно фрлање за негатива од еден поен. Во последните 60 секунди домашниот тим ги искористи своите шанси за нова победа.

Кај МЗТ Скопје Ксавиер Темс постигна 22 поена, Шарлон Клоф 21, а Ѓорѓе Дреновац 20, додека кај Карпош Соколи најефикасни беа Пери со 24 поени и Доминик Мавра со 20.

Следниот натпревар се игра на 21.мај во недела во СЦ „Борис Трајковски“, а доколку МЗТ Скопје победи ќе ја одбрани шампионската титула.

Поврзани вести

Комплетирано 5.коло од кошаркарските претквалифика... По одигрувањето на петте натпревари од 5.коло во претквалификациите познати се уште две репрезентации кои изборија пласман во следната фаза - квалифик...
Пораз на македонските кошаркари во Талин, Естонија... Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во групата Ц во претквалификациите за Светското првенство 2019. Попладнево Македон...
Скопје домаќин на ЕП Дивизија Б за кошаркарки до 1... Македонската кошаркарска федерација од утре (17 август) па во наредните десет дена ќе биде домаќин на Европското првенство - Дивизија Б за кошаркарки ...
Наваро го сруши рекордот на Епифанијо... Хуан Карлос Наваро се запиша во историјата на шпанската кошарка како играч со најголем број настапи во репрезентативниот дрес. Наваро синоќа по 240. п...
Македонските кошаркари гостуваат кај Естонија во м... Во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое ќе се одржи во Кина во 2019 година, денеска ќе се играат средбите од претпоследното 6.кол...
Макаби се засили со НБА играч... Американецот Норис Кол потпиша едногодишен договор со Макаби Тел Авив. Ангажманот на двократниот НБА шампион за најуспешниот израелски кошаркарски клу...