Чавков се повлекол од БЈБ, заминува во пензија

Чавков се повлекол од БЈБ, заминува во пензија

Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност не ја дочека одлуката за негово разрешување, која што е во владина постапка и одлучи сам да замине од институцијата, објави Алсат-М.

Како што известува телевизијата, од сигурни извори, Чавков земал годишен одмор, а во меѓувреме побарал да му се прекине договорот за работа, кој му завршувал кон крајот на јули со можност за продолжување на уште една година.

Чавков освен што го прекинува работниот однос, ги собрал и сите лични работи од неговата канцеларија.

Тој беше директор на Бирото за јавна безбедност, а вечерта на 27 април кога брутално беа истепани пратеници на новото парламентарно мнозинство беше и шеф на оперативниот штаб. Според нивните кажувања, полицијата не реагирала додека пратениците беа теапани, а Чавков не им дал нив наредба да ги одбранат.

Поврзани вести

Касами по средбата со Заев: Интензивно преговараме... Лидерот на БЕСА, Билал Касами по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека интензивно преговараат за новата влада која ќе биде реформска. К...
Заев и Ахмети разговараа за распределбата на ресор... Новиот владин кабинет има потреба од одговорни и квалификувани кадри, заклучија денеска претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, кои ...
ВИДЕО: Касами на средба со Заев... Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во партиското седиште се сретна со лидерот на БЕСА, Билал Касами. Заев и Касами ќе зборуваат за составот на новата ...
Одбележан Меѓународниот ден на биолошката разновид... Со планинарска тура до водопадите кај Долна Лешница на Шар Планина, во Македонија се одбележа Светскиот ден на биолошката разновидност. Како што ин...
Сообраќајот по наместа влажни коловози... Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитува...
Средба на Џафери со делегација од Кралскиот Колеџ ... Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со делегација на високи офицери и цивили од Кралскиот Колеџ за oдбр...