До индивидуалката Ванковска

До индивидуалката Ванковска

Драга Биле, си земам за право да го интимизирам ова мое обраќање до тебе, не дека си ми нешто особено мила, туку зашто на сличен начин ти мене ми се обраќаш кога ме ословуваш со „момче“ (додуша, „небитно“, као пишуваш ти!?). Веројатно, сакајќи со тоа да ме навредиш, ти мене комплимент ми упатуваш бидејќи, според годините, генерациски сум многу поблизок до тебе, отколку, да речеме, до твоите ќерки. Од тие причини, јас тебе никогаш не би ти се обратил со момиче.

Инаку, во желба што повеќе да ме навредиш и дискредитираш, ти твојот пост го симнуваш на недозволиво ниско ниво за академски граѓани, нешто што мене сакаш да ми го препишеш дека ја каракеризира мојата колумна.

Велиш, дека сум „доктор, од оние статистичките“. Не ли сметаш дека е недопустливо, за некој кој се легитмира дека е универзитетски професор, така паушално и априори да дели квалификации за нечиј академски труд, без пред тоа да посвети минималено време и внимание за аргументи да стојат зад неговото тврдење? Со тоа се сврстуваш во групата на твоите ФБ следбеници и главоклимци, кои, на истиот начин, сакаат да го девалвираат мојот труд.

Биле, ова се модерни времиња, Интернетот има неограничени можности, па да си посветила само 2-3 минути да прогуглаш, би дознала на колку јазици ми е преведен и публикуван докторатот и дали и каква награда има добиено! Со ваквиот метод на „аргументација“ ти се сврстуваш во групата на оние приучени професори, кои не користат никаква методологија во поткрепа на своите ставови и аргуметни, а најмалку научна, туку само блујат огин како ламји. За таквите како тебе, Биле, Србите имаат изрека „што на ум, то на друм“, што во наша колоквијална адаптација би значело „лупаш како Максим по дивизија“. Како професор по Општонародна одбрана, претпоставувам знаеш дека Максим не е човек (битен, или небитен, сеедно!?).

Велиш дека сум се згрозувал од индивидуализам и затоа сум издвоил две професорки, кои ми бодат очи, кои ја расипуваат општата еуфорија и весела слика на препородена Македонија. Не, бе, Биле, токму обратното. Се згрозувам од вашата недоследност и лицемерието со кое сакате недоследноста да ја претставите за индивидуализам. Па токму ти и Солзето преку припадност на група, колектив, најдовте поширока афирмација – Солзето, влезе во парламент како припадник на политичка групација, а не како независен пратеник. Да беше индивидуалец, зошто не се кандидира на минатите и последние избори како соло играч? Сега, слушам, пак ќе членувала во некое групно сестринство со Мирка Велиноска во одбрана на Македонија.

Твојата траекторија е уште покомична-од бранител на упадот на Груевски во А1 телевизија, до самопрогласен ПР на Професорскиот пленум, во кој групно протестираше против истито тој Груевски, за да дојдеш до сегашната ситуација, никој да не те игра, и така очајна, да се убедуваш себеси дека си битен индивидуалец – независен мислител. Ооооооо, Биленце, колку само очајно прижелкуваш сега некој да те повика пак со „другарчињата“ да играш „плочка“, и патем да бидеш министерка, амбасадорка, а што мене ми го припишуваш. Но, тоа е веќе во домен за експертиза на Зигмунд Фројд… Ама, нема, Еnde! Ти си, Биле, испушена муштикла!

Токму, несигурноста во самата себе, несвесно ја покажуваш штом јавно ја повикуваш Солзето, да го каже своето мислење – што таа мислела за своја одбрана. Колку само хепи ќе бидеш кога и таа ќе каже дека мисли исто како и ти. Онака индивидуалистички, како и сите останати коментаори-главоклимци на твојот профил. Патем, ова е моја преписка со тебе Билето, така што немам потреба да одговарам на останатите, иако истиот вокабулар кој го употребуваат во мое денунцирање како и ти, овој одговор е индиректен одговор и до нив! Онака колективистички, групно, генг-бенг!

За твоите индивидулаистички демократски квалитети доволно зборува што изнапиша едно чудо постови за мене, а притоа ме блокира, за да не можам да одговорам во своја одбрана. Мора да си егзалтирана онака „едноока“, кога „слепите“ ти пишуваат колку си умна, а јас недостоен тоа да ти го оспорам!?

П.с. Како започнав, така и да завршам: „момчево е тотално небитно, иако пишува колумни“. Би додал, можеби небитен, ама е битно каде пишувам колумни. Моите ставови не ги објавува Курир!

Д-р Ненад Живановски

Поврзани вести

Проклети да сте, на живо не’ одравте!... До кога овие луѓе со сериозни обвиненија ќе парадираат со облека сошиена од кожата на граѓаните?! До кога овие луѓе ќе ја сечат артеријата (црвената л...
Најдете си адвокати, ама не од тефтерчето на Горде... Добро бе бандо недоквакана, зарем мислевте дека навистина во 21 век и во модерен свет вие можевте да направите пашалук? Зар не ве подучија вашите учит...
Солзите на Солза и тагувањата на Билјана... Има нешто мазохистичко во овој народ, доколку тој се персонализира преку ликовите на Билјана Ванковска и Солза Грчева. Додека го газиш и понижуваш, по...
За пратеникот „патриот“ кој ги отвори вратите на... Патриотизмот е природна појава, а христијанството е натприродна. Патриотизмот е логичко-провинциска љубов и вистина, а христијанството општочовечка....
Народна поговорка, ЕМ ТП, ЕМ УПОРЕН не ќе да е на ... Животот е како басна, не се цени по должината туку по содржината Обично за упорни луѓе се збори со епитет. Тие луѓе со својата упорност стигнале мн...
Овде е поскапо да умреш, отколку да живееш... Се изморив од библискава земја во која социјалните мрежи се црква и џамија, во која треварите и надри-лекарите лечат. Земја во која без референци ...