Олимпијакос прв финалист на „фајнл фоур“ во Истанбул

Олимпијакос прв финалист на „фајнл фоур“ во Истанбул

Кошаркарите на Олимпијакос се пласираа во финалето на „фајнл фоур“ од Евролигата што се игра во Истанбул. Тие во првото полуфинале го победија европскиот првак ЦСКА Москва со 82:78 (12:18; 21:22; 27:24 и 22:14). Решавачката предност Олимпијакос ја создаде во последната четвртина.

Четири играчи кај победничката екипа имаа двоцифрен број поени: Василис Спанулис, Јоргос Пинцезис и Костас Папаниколау сите по 14, а Вангелис Мацарис 12. Најефикасен на дуелот беше Милош Теодосиќ од ЦСКА Москва со 23 поени.

Во второто полуфинале од 20:30 часот играат Фенербахче и Реал Мадрид.

Финалето на „фајнл фор“ турнирот се игра во недела (21.мај).

Поврзани вести

Франција противник на Шпанија во финалето на ЕП за... Кошаркарките на Франција се изборија за пласман во финалето на Европското првенство што се игра во Чешка. Нивни противнички во дуелот за златниот меда...
Шпанија прв финалист на Европското првенство за ко... Кошаркарската репрезентација на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство за жени што се одржува во Чешка. Во првото полуфинале Шпанија ја поб...
Николиќ повеќе не е тренер на Карпош Соколи... Српскиот стратег со македонски пасош, Драган Николиќ, повеќе не е тренер на Карпош Соколи, откако по долги и интензивни преговори двете страни не успе...
Репрезентативците до 16 години ќе учествуваат на м... Во насока на стекнување што поголемо искуство во пресрет на настапот на Европското првенство (дивизија Б), македонската кошаркарска репрезентација до ...
Србија кандидат за организацијата на ЕП 2019... Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) утре во Прага ќе ја претстави кандидатурата за добивање на организацијата на Европското првенство во кошарка за же...
Кошарка М-20: Македонија и Косово ќе одиграат приј... Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години прва ги започна активностите ова лето. Селекторот Мирко Петрески прозиваше на 6 јуни и оттогаш по...