Сликата на Баскијат продадена за рекордни 110,5 милиони долари

Сликата на Баскијат продадена за рекордни 110,5 милиони долари

Сликата „Без наслов“ на авангардниот ументик Жан-Мишел Баскијат е продадена на аукција во „Сотби“ за рекордни 110,5 милиони долари.

Како што соопшти денеска акциската куќа, ова е рекордна цена постигната за една слика на американски уметник.

Во прашање е слика направена во стил на графити, која прикажува лице во форма на череп.

Сликата ја купи јапонскиот милионер и колекционер Јусаку Мезава, после десет минути наддавање.

– Среќен сум што можам да изјавам дека добив ремек дело, напиша Мезава на Инстаграм под фотографијата на која се гледа како стои пред сликата.

„Без наслов“ практично беше непозната слика ди пред неколку недели кога беше прикажана во „Сотби“.

Мезава во мај минатата година купи уште една слика од Баскијат „Без наслов, 1982“ за 57,3 милиони долари.

Баскијат почина на 28-годишна возраст во 1988 година поради предозирање. Тој е роден на 22 декември 1960 година во Бруклин. Неговиот татко Жерард е од Хаити, а мајка му Матилда е родена во Бруклин, но е со поториканско потекло.

Тој зад себе остави околу една илјада слики и две илјади цртежи. За неговиот живот снимени се два филма.

Поврзани вести

ФОТО: Современа куќа како засолниште од светот... Во Лос Анџелес се наоѓа семејниот дом „Хајд Аут Хаус“, кој е редизајниран од страна на архитектот Дин Брун. Сопственикот на домот, визуелниот уметн...
ФОТО: Лустер инспириран од шаховски фигури... „Кастл“ лустерот е дизајниран од стана на основачот на компанијата „Рол енд Хил“ Џејсон Милер. Алудира на арт деко стилот со своите хоризонталн...
ФОТО: Модерна куќа во Грција... Вилата „Ипсилон“ е дизајнирана од страна на лондоско-бриселското студио ЛАССА и таа на нејзините сопственици им овозможува да се качат на нејзиниот по...
ФОТО: „МОШЛАМП“ – вашата лична природна оаза... Зелената оаза, затворена во внатрешноста на стаклена чинија, наречна „МАШЛАМБ“, ја канализира единствената способност на мовот, што може да расте во п...
Викторија Сваровски носеше венчаница од 700.000 ев... Викторија Сваровски е наследничка на царството „Сваровски“ и позната австриска пејачка. Изминатиот викенд таа се омажи за долгогодишното момче Верн...
Хуманитарен базар за бегалците во Македонија... Под мотото „Создади надеж“ денеска во Сули ан во Скопската чаршија ќе се одржи хуманитарен базар на повеќе од 100 ракотворби изработени од бегалци кои...