Италијанската полиција заплени 2,2 тона марихуана од Албанија

Италијанската полиција заплени 2,2 тона марихуана од Албанија

Припадниците на италијанската поморска полициска патрола „Гуарда ди финанца“, заплениле 2,2 тона мархуана прошверцувана од Албанија.

Дрогата, сместена во пластични вреќи, била натоварена во моторен чамец, долг осум метри, кого полицијата го забележала, напуштен во непосредна близина на брегот кај Вико дел Гаргано, во регион Пуља.

Според полицијата, нарко шверцерите го напуштиле чамецот, најверојатно откако биле забележани од полициска патрола.

Истиот извор потврдува дека дрогата, што, доколку стигнела на европскиот пазарот, ќе вредела 22 милиони евра/

Моторниот чамец испловил од албанскиот пристанишен град Драч.

И покрај зајакнатите мерки на контрола воведени од страна на албанската полиција, шверцот со дрога од Албанија кон другите соседни земји, пред се, кон Италија, воопшто не запира. Во изминатиот период италијанската полиција заплени околу 30 тони марихуана од Албанија.

Поврзани вести

Мајкл Флин планира да се повика на уставното право... Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, Мајкл Флин во текот на сенатската истрага за неговите врски с...
Во Палермо убиен поранешен шеф на сицилијанската м... Поранешниот шеф на мафијата Џузепе Даиноти бил убиен со истрел во главата на улица во сицилијанскиот град Палермо. Сега 67-годишниот Даиноти, пред ...
ВИДЕО: Трамп стана прв претседател на САД што го п... Шефот на американската држава Доналд Трамп денеска го посети Ѕидот на плачот, со што стана првиот актуелен претседател на САД, кој ја посетил оваа вер...
За следната недела најавена средба Макрон-Путин во... Францускиот претседател Емануел Макрон на 29 мај во замокот Версај ќе го прими шефот на руската држава Владимир Путин, соопшти денеска Елисејската пал...
Египетски џихадисти обвинети за нападите врз коптс... Египетското Јавно обвинителство соопшти дека 48 чланови на џихадистичката група Исламска држава (ИД) се предадени на воениот суд, под обвинение за пов...
Анкара: САД да ја осудат „агресијата“ врз обезбеду... Турција денеска побара од американскиот амбасадор во Анкара САД да ги осудат „агресивните и непрофесионални дејствија“ од страна на американските безб...