Бразилскиот претседател одбива да поднесе оставка

Бразилскиот претседател одбива да поднесе оставка

Бразилскиот претседател Мишел Темер денеска ги отфрли барањата на опозицијата да поднесе оставка.

– Не се повлекувам од функцијата. Знам што имам направено, изјави Темер во своето обраќање од Претседателската палата во Бразилија, порачувајќи и на бразилската јавност дека ќе ја докаже својата невиност.

Барањата за оставка на Темер се појавија откако беше осомничен дека дозволил да се даде поткуп за да се замолчи сведок во голема корупциска афера.

Станува збор за поранешниот бразилски политичар Едуардо Куња, кој сега е во затвор, осуден за корупција.

Случајот со претседателот Темер го откри весникот „О Глобо“, кој за своето тврдење за вмешаноста на шефот на државата во „давањето поткуп“ располага и со аудио снимка од негова средба со угледен бразилски бизнисмен.

Најголемиот дел од снимениот материјал е неразбирлив, освен во делот кога станува збор за давање пари за замолчувањето на Куња.

Темер изјави дека снименото парче е автентично, но дека на средбата со бизнисменот не станало воопшто збор за поткуп и за она за што тој сега е обвинуван.

– Никогаш не сум дозволил да се плаќа некому, за да биде замолчен, тврди Темер во својата одбрана.

Кризата околу позицијата на претседателот предизвика пад на вредноста на акциите на бразилската берза за девет отсто, што е најголем таков случај во последниве десет години.

Врхвниот суд на Бразил покрена веднаш истрага за обвинувањата кон претседателот.

Пред една година Мишел Темер ја наследи Дилма Русеф, која беше сменета со импичмент.

Нејзините приврзеници и опозициската Работничка партија на Русеф и на поранешниот претседател Лула да Силва, против кого се води судски процес, сега бараат и Темер да биде изложен на постапката за импичмент.

Поврзани вести

Трамп го пофали Ким Џонг-ун поради „мудрата одлука... Претседателот на САД, Доналд Трамп го пофали денеска севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун поради одложувањето на одлуката за истрелување ракети кон аме...
Лавров: Москва е против економското задушување на ... Официјална Москва не ги поддржува повиците за задушување на севернокорејската економија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј ...
Британски институт: Нова корејска војна е реална м... Британскиот Институт за студии за безбедност и одбрана (РУСИ) ја предупреди Владата во Лондон дека „нова корејска војна сега е реална можност“ и апели...
Активисти за Брегзит бараат „отповикување“ од Парл... Активисти во кампањата за Брегзит, покренале иницијати за „отповикување“ на британскиот министер за финансии Филип Хамонд од функцијата пратеник во Па...
Ги Верхофштад: Идејата за невидлива граница меѓу Е... Поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад, кој сега е лидер на блокот либерали во Европскиот Парламент и дел од преговарачкиот тим на ЕУ за Брегзит, ...
Шведска ги зголемува расходите за одбрана... Шведската левоцентристичка малцинска Влада денеска соопшти дека постигнала договор со две опозициски партии за зголемување на расходите на одбраната з...