Ахмети се сретна со заменик-амбасадорот на САД, Блум и амбасадорот на ЕУ, Жбогар

Ахмети се сретна со заменик-амбасадорот на САД, Блум и амбасадорот на ЕУ, Жбогар

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска се сретна со заменик-амбасадорот на САД во Скопје, Микаела Швајцер Блум и со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.

ДУИ соопшти дека на заедничката работна средба која се одржала во просториите на Американската амбасада во Скопје, Ахмети и соговорниците разговарале околу натамошното развивање во однос на формирањето на новата реформска влада. Ахмети го повторил ставот дека Демократската унија за интеграција целосно е посветена во спроведувањето на бараните реформи од страна на меѓународната заедница, интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, добрите меѓуетнички односи, но и економскиот развој и отварањето нови работни места.

Од ДУИ информираат дека првите чекори што ќе ги преземе новото парламентарно мнозинство се решавањето на застојот во локалната власт, како и укинувањето на екстерното тестирање како две непосредни прашања.

Ахмети истакнал дека 16 години од неговите активности во рамки на ДУИ, никогаш немало разочарување во пријателските и добронамерните ставови на меѓународната заедница. – Затоа и побара помош од страна на САД и ЕУ за да ги надминеме предизвиците пред нас и да помогнат за побрзо интегрирање на Македонија во НАТО и Европската унија, стои во соопштението од партијата.

Поврзани вести

Честитка од министерката Шекеринска по повод Рамаз... Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати честитка до граѓаните во Република Македонија од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајр...
Иванов упати честитка по повод Рамазан Бајрам... Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник Рамазан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската ...
Препораки до граѓаните за заштита од високите темп... Институтот за Јавно Здравје на Македонија апелира до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури поради тоа што зе...
Состојба на патиштата Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поста...
Хан и Прибе утре во Скопје на средби за Итните реф... Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан утре ќе престојува во Македонија на разговори околу плановите за ре...
На граничните премини задржувања од околу 30-тина ... На граничните премини од утрово нема задржувања подолги од 30-тина минути за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќајот н...