Невладиниот сектор со критики за новиот германски закон за азил

Невладиниот сектор со критики за новиот германски закон за азил

Дел од германските невладини организации остро го критикуваа новиот закон за азил, што беше усвоен синоќа во Бундестагот, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според нив, се работи за контроверзен закон кој се коси со основните човекови права на барателите на азил.

За неваладиниот сектор, законскиот пристап до личните податоци на барателите на азил и до информациите содржани во приватните телефони се косат со начелата врз основа на кои функционира демократијата.

Според организацијата Каритас, која е основана од Католичката црква, промените во законот се претерани и еднострани. Претседателот на Каритас, Петер Нехер смета дека со промените на законот, бегалците се ставаат под генерален сомнеж, а граѓаните пред дилема дали се тие измамници.

За организацијата Про-Азил, законот ја трансформира Германија во земја која депортира, а не што прима бегалци. Според нивните цинични критики, Германија сака „со масовно читање на телефонските податоци да создаде транспарентни бегалци“.

Глобалната организација „Амнести интернешенел“ смета дека се работи за масовно кршење на фундаменталните права на човекот, додека организацијата за социјална помош АВО оценува дека законот ќе ги стави во подредена позиција сите бегалци кои ќе побараат заштита во земјата.

Забелешки има и опозицијата. Партијата Левица смета дека „срамниот законот“ е „каша од состојки кои се непријателски настроени кон бегалците“, а, според блокот Зелени, тој е шок бомба што треба јавноста да ја пренасочи од дебатата за одговорноста за случајот „Божикен маркет“ во Берлин.

Доцна синоќа Долниот дом на германскиот Парламент ги усвои измените на Законот за азил, со кои службите за безбедност имаат речиси неограничени права да ја надегледувааат личната комуникацијата на барателите на азил кои немаат лични документи.

Тие што ќе бидат одбиени и доброволно не ја напуштат земјата нема да можат слободно да се движат низ Германија. Барателите на азил кои имаат мали шанси да добија азил како тие што доаѓаат од т.н. „безбедни земји“, како Македонија, Србија, Косово, Албанија, Мароко, Тунис и Алжир, нема да можат да ги напуштат камповите за бегалци до финалната одлука за нивниот статус.

Согалсно законот германската федерална Агенција за миграции и бегалци ќе може да предава сензитивни лични податоци како здравствени состојби на други владини тела во ситуации кои што ќе се сметаат за дел од националната безбедност.

Според партите од владината коалиција, законот треба да ја подобри процедурата за прием на бегалци, депортациските механизми и општата безбедност на германските граѓани. Според нив, промените се лоши само за тиа баратели на азил кои што сакаат да излажат, да измамат и да сторат криминал.

Медиумската групација РНД денеска објави дека и пред усвојување на законските измени за азил, германските власти со месеци систмски ги намалуваат случаите во кои азилантите можат да ги донесат своите семејства од конфликтните региони.

Наспроти вообичаените 400 случаи на семејно поврзување месечно сега само околу 70 семејства на азиланти пристигнуваа во земјата по оваа основа, тврди РНД.

Германската влада беше систематски напаѓана од голем дел од јавноста дека примила голем број на бегалци во текот на бегалскта криза во 2015 и 2016 година а по неколкуте терористички напади во кои учествуаат азиланти и во пресрет на септемвриските избори започна со воведување на мерки за намалување на бројот на нови бегалци и депортација и мониторинг на тие што чекаат или се веќе одбиени за бегалски статус.

Поврзани вести

Најмногу 20 цивили загинаа во воздушните напади во... Најмалку 20 цивили загинаа, а седуммина се повредени во провинцијата Рака, во воздушниот напад на меѓународните коалициски сили, предводени од САД, ја...
Колку германската разузнавачка служба е поврзана з... Дојче веле - Бон Американскиот претседател Доналд Трамп проследи на Русија документ од една странска разузнавачка служба, наведе Дојче веле и поста...
Меркел: Европа мора да ја земе судбината во свои р... Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика денеска европските држави да се држат заедно во светло на новата неизвесност во врска со САД, порачувај...
Уапсен 25-годишен маж во врска со нападот во Манче... Британската полиција соопшти денеска дека уапсила 25-годишен маж, осомничен дека има врска со самоубиствениот напад пред „Манчестер арена“, во кој заг...
Најмалку осум загинати во престрелка во Мисисипи... Најмалку осум лица загинаа во престрелка во текот на ноќта во американската држава Мисисипи. До пукотницата дошло на три различни локации во Бог Чи...
Макрон: Ракувањето со Трамп беше „момент на вистин... Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека неговото, повеќе од цврсто, ракување со американскиот претседател Доналд Трамп, на маргинит...