ЛДП: Договорот за нов Клинички центар е нова линија на поделба и беззаконие во државата

ЛДП: Договорот за нов Клинички центар е нова линија на поделба и беззаконие во државата

„Никола Тодоров, Никола Груевски и Емил Димитриев денеска потпишаа и поддржаа скандалозен и бескруполозен договор за изградба на нов Клинички центар во Скопје, свесно произведувајќи нови линии на поделба и беззаконие во Р. Македонија.

Потпишувањето ваков договор од страна на лице кое не е ништо друго, освен пратеник во новиот собраниски состав, е класично кршењето на Уставот и законите во државата.

Оттука, прашуваме во кое својство Никола Тодоров потпишува милионски договори со поддршка на техничка Влада, која патем нема друга функција освен организирање избори.

Или можеби провизиите се поважни од почитувањето на законите и владеењето на правото?

ЛДП, како дел од новата влада, ќе го преиспита договорот и за истиот ќе има одговорност. Времето на беззаконие заврши со доделувањето на мандатот.

Ги повикуваме и институциите да го поништат овој договор, кој претставува преседан во секој поглед. И компаниите потписници на договорот би требало да знаат дека оваа техничка влада ниту имала, ниту има легитимитет да потпишува проекти, уште повеќе што се работи за изградба на клинички центар, кој е од голем национален интерес. Од овде, уште еднаш категорично повикуваме на поништување на овој договор, сѐ додека Република Македонија не формира нова легитимна влада“ се вели во соопштението на ЛДП.

Поврзани вести

Честитка од министерката Шекеринска по повод Рамаз... Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати честитка до граѓаните во Република Македонија од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајр...
Иванов упати честитка по повод Рамазан Бајрам... Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник Рамазан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската ...
Препораки до граѓаните за заштита од високите темп... Институтот за Јавно Здравје на Македонија апелира до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури поради тоа што зе...
Состојба на патиштата Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поста...
Хан и Прибе утре во Скопје на средби за Итните реф... Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан утре ќе престојува во Македонија на разговори околу плановите за ре...
На граничните премини задржувања од околу 30-тина ... На граничните премини од утрово нема задржувања подолги од 30-тина минути за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќајот н...