Отворен вториот Саем на книга во Струмица

Отворен вториот Саем на книга во Струмица

На градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица денеска беше отворен вториот Саем на книга под мотото „Ајде да читаме“ кој ќе трае до 24 мај. На штандовите ќе бидат изложени изданијата на 15 македонски издавачи, а книгите ќе се продаваат со саемски попуст од 20 до 70 проценти.

-На саемот присутни се најеминентните македонски издавачи: „три“, „Матица македонска“, „Наша култура“, „Култура“, „Багемонт“, „Феникс“, „Топер“, „Антолог“, „Или-или“, „Магор“, „Арс Ламина“, „Мартина“, „Сакам книга“ и „Ѓурга“. Штандовите на издавачките куќи ќе бидат отворени од 10 до 21 часот. Ова е одлична можност за љубителите на книги да ја збогата својата библиотека или да подарат книга зошто тоа е најдобриот пријател, рече Тања Гошева, директорка на градската библиотека „Благој Јанков- Мучето“.

Вршителот на должност градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов го прогласи саемот за отворен повторувајќи ја поддршката што како локална власт ја даваат за вакви манифестации.

-Кога е нешто успешно треба да се повторува. Ако е тоа така, тогаш овој втор саем е логична последица на ланскиот кој привлече големо внимание кај љубителите на книгата. Се надеваме дека ова ќе биде вовед во една убава традиција. Првиот чекор е најава за проодување, но вториот е потврда во успешноста. Се надевам дека на овој начин помагаме во популаризација и афирмација на книгата, рече Костадинов.

Саемот на книгата е во организација на Младински совет – Струмица, а во соработка со Академија „АБЦ“, градската установа Библиотека „Благој Јанков – Мучето“ и „СИМ Компани“.

Поврзани вести

АУДИО: Џорлев како директор на „Танец“ се лути про... На ЈуТјуб се појави аудио снимка од доскорешниот директор на Ансамблот „Танец“ од која што може да се слушне како Зоран Џорлев на состанок со вработен...
Ретроспективна изложба на копаничарот Раде Костовс... Во уметничката галерија на Локална установа Градски музеј - Крива Паланка, вечерва ќе биде отворена ретроспективната изложба на дводецениското творешт...
Седмо издание на Фестивалот за народна култура „По... Десетина културно-уметнички друштва и ансамбли на народни песни и игри учествуваат на Фестивалот на народна култура „Пображење“, што во организација н...
Шпанскиот мајстор на гитара Игнасио Родес вечер на... Вљубениците во звукот на класичната гитара вечер во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во уметничкиот израз...
Повик за учество на ликовни уметници на групна изл... До први септември е отворен повикот на Здружението за култура „Транзен“ за учество на ликовни уметници на групната изложба „Несовршен простор“ на која...
Од 19 до 25 август осмиот „МакеДокс“... Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 19 до 25 август 2017 година во, и на платото пред, Куршумли-ан в...