Промовирана публикацијата „Патеки во младинската работа“

Промовирана публикацијата „Патеки во младинската работа“

Младинскиот културен центар (МКЦ) -Битола во рамки на завршниот настан за проектот „Обединети младински работници“ промовира публикација со наслов „Патеки во младинската работа“, чии автори се Драган Атанасов од Сојузот за младинска работа и Ивана Волф од Националната асоцијација на младински работници (НАПОР) од Србија.

Од МКЦ-Битола, издавачи на публикацијата, информираат дека публикацијата претставува преглед на европските, регионалните практики и практиките во областа на младинската работа во Република Македонија.

– Публикацијата ќе послужи како ресурс на сите засегнати страни како што се државните и јавни институции кои ги креираат и спроведуваат политиките за млади и граѓанските организации кои работат со млади, за подобро разбирање на младинската работа и важноста на потребата за препознавање на младинската работа. Публикацијата ќе придонесе за појасно согледување на моменталната состојба и потребата за градење на политиките од областа на младинската работа во Република Македонија, преку согледување на искуствата и добрите практики во Европа, со посебен осврт на земјите од регионот Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија, информираа од МКЦ-Битола.

Потребата од ваква алатка за застапување произлезе од забелешките на младинските работници и практичари дека во Република Македонија недостига законска рамка, формално и општествено признание, како и институционална поддршка во областа на младинската работа. Во моментов, во Република Македонија младинската работа не е дефинирана со ниеден закон и со тоа не постои законска рамка за стандардизацијата и развој.

Младинскиот работник не е призната професија, а секој може да дејствува како младински работник бидејќи не постојат формални критериуми или стандарди за квалитет на младинската работа како дејност, појаснуваат од МКЦ-Битола.

Проектот е поддржан од Европската Унија во рамки на програмата ИПА ТАИБ 2011 „Понатамошно јакнење и финансиска одржливост на граѓанскот општество“, а е имплементиран од Младинскиот културен центар – Битола и партнерските организации Креактив – Скопје, Младинската мрежа на југоисточна Европа (СЕЕЅН) од Босна и Херцеговина и Националната асоцијација на младински работници (НАПОР) од Србија.

Поврзани вести

Две Гран-при награди за кочанските ученици на фест... Вкупно осум награди од кои две Гран-при освои тимот ученици од ОУ „Никола Карев“ на 9. „Марковденски средби за деца и поети“ што се одржа во Бачка ...
Девет концерти на 16.ОфФест од 25-ти до 28 мај... Девет концерти и еден документарен филм во четири дена се на програмата на 16-тиот ОфФест, кој во организација на Скопски џез-фестивал ќе се одржува о...
Актери од Крива Паланка на Меѓународен театарски ф... Претставата „Не обложувај се на Англичани“ во изведба на актерите од драмското студио при Центар за култура Крива Паланка беше изведена на Меѓународни...
Награда за документарниот филм „Езеро од јаболка“ ... Документарниот филм „Езеро од Јаболка“ поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Швајцарската агенција за развој и соработка ја д...
По втор пат распишан конкурсот за избор за најдобр... Општина Куманово по втор пат го распиша конкурсот за избор за најдобра фотографија со мотиви од Куманово – „Мое Куманово“. Конкурсот се распишува...
Книга за нуклеарната катастрофа во Чернобил од ноб... Издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „Чернобилска молитва“ од белоруската авторка Светлана Алексиевич, добитничка на Нобеловата награда за лит...