СДСМ: Следува темелна ревизија на сите трошења на пари на граѓаните од Груевски и соработниците

СДСМ: Следува темелна ревизија на сите трошења на пари на граѓаните од Груевски и соработниците

„Следува период во кој новата Влада ќе ги преиспита сите задолжувања што ги направи досегашната власт изминативе години на крајно нетранспарентен начин. Исто така ќе биде спроведена и темелна ревизија на сите нетранспаретни трошења на пари на граѓаните од Буџетот на Р.Македонија што ја крахираа економијата.

Никола Груевски и неговите соработници заминуваат од власт оставајќи јавен долг во висина од скоро 5 милијарди евра. Пред 11 години, во 2006 година јавниот долг изнесуваше 1.8 милијарди евра. На девизната депозитна сметка Груевски затекна над 250 милиони евра.

За сите злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност!

Новата и одговорна Влада ќе ја подигне економијата и транспарентно и отчетно ќе раководи со јавните финансии“ се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

Заврши жетвата на житни култури во Делчево и Макед... Од засеаните 795 хектари пченица, јачмен, рж, овес и тритикале во Делчево и Македонска Каменица, добиени се 1.400 тони род. Според раководителот ...
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните сакаат да знат каде ќе заврш... ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ на тема задолжување. „Време е владата на СДС да престане да се крие позади бледи партиски соопштенија. ...
Којзеклиска: Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ пензиите о... Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ го менувале влакното, но не и карактерот. - Два ипол месеци откако д...
Визбите со финансиски проблеми и залихи, но гарант... Винарските визби имаат проблем со ликвидноста и залихите, но уверуваат дека годинашниот род грозје ќе биде откупен во целост. Како што истакнаа пр...
ВИДЕО: Рокот за консултации и сугестии на ЕНЕР зго... Рокот за консултации на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија - ЕНЕР (ener.gov.mk) се зголемува од 10 на 20 ...
СДСМ: Владата го намалува јавниот долг... СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со јавниот долг на државата. „ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години расипни...