Шведското Обвинителство ја прекина истрагата против Џулијан Асанж

Шведското Обвинителство ја прекина истрагата против Џулијан Асанж

Шведското Јавно обвинителство денеска соопшти дека донело одлука за прекин на истрагата против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во врска со обвинувањата за силување.

– Јавниот обвинител на Шведска Марјан Њу реши да ја прекине истрагата против Џулијан Асанж за тврдењата за силување, се наведува во соопштението на Обинителството.

Со ова најверојатно се става крај на седумгодишната правна борба меѓу 45-годишниот Асанж и шведското Јавно обвинителство.

Асанж од 2012 година се крие во еквадорската Амбасада во Лондон, каде доби азил, со цел да избегне екстрадиција во Шведска, каде досега му се закануваше судење по обвиненијата на две жени за силување.

Тој ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека цел на оваа истрага е да биде екстрадиран во Шведска, која потоа би им го предала на САД, каде е обвинет за објавување на тајни и доверливи информации преку неговата мреже „Викиликс“.

Поврзани вести

Умерен земјотрес во Јапонија... Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистиран во централна Јапонија. Американскиот геолошки институт објави ...
ОН: Јемен се соочува со најголема епидемија на кол... Во Јемен, земја разурната од војна, регистриртани се над 200.000 случаи на колера, од кои поголемиот број се деца, соопштија Обединети нации. Дирек...
Израелски авион нападна позиции на сириската армиј... Изралски воен авион нападна неколку позиции на сириската Влада во близина на Голанската Висорамнина. Нападот е одговор на гранатите што паднаа во д...
Русија: Ќе се влошат односите со Норвешка поради б... Одлуката на Норвешка да го зголеми присуството на американски маринци на своја територија ќе ги влоши односите со соседна Русија и ќе ги интензивира т...
Шпанската крајбрежна стража спаси повеќе од 200 ми... Шпанската крајбрежна стража денеска соопшти дека спасила над 200 мигранти кои се обиделе да пристигнат од Северна Африка во Европа. Портпаролот на ...
Алексеј Навални исклучен од изборната трка за прет... Рускиот опозиционер Алексеј Навални е исклучен од трката за претседател на Русија, кои ќе се одржат идната година, и за кои не ќе може ниту да се канд...