Одбележан Меѓународниот ден на музеите

Одбележан Меѓународниот ден на музеите

Здружението Македонски национален комитет при Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) и Македонскиот национален комитет на Синиот штит денеска го одбележуваат 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите.

Претседателот на МНК ИКОМ Маја Чанкуловска-Михајловска им го честита празникот на сите музејски работници и истакна дека тој е востановен пред 40 години, во 1977 година.

– Меѓународниот ден на музеите го одбележуваме традиционално, со советување со светската тема за оваа година „Музеите и спорните истории – кажувајќи го неискажливото во музеите“ и со доделување на наградата „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ за 2016 година, рече Чанкуловска-Михајловска во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам.

За Музеј на годината добитник е Музеј и завод Битола, за новоотворениот музеј „Спомен куќа на Татарчеви“, а за музејски проект на годината добитници се „Спомен-куќата на Мајка Тереза“ за проектот „Тишината раскажува за Мајка Тереза“ од авторот Цветанка Вучковска-Митовска и Музејот на македонската борба – Скопје за проектот „Вики клуб во Музеј на македонската борба“ од авторите Даниела Митевска и Ана Вишинова. Наградата за надворешен музејски соработник му припадна на новинарот Тони Димков за ангажманите во афирмацијата на културата и музејското работење.

Претседателот на МНК Син штит Даворин Трпески истакна дека културното наследство во Република Македонија е загрозено и додаде оти продолжува борбата за подобар третман и за подобри услови за работа во музеите.

Во Даут пашин амам во тек е форумот „Минимум опрема за дејство во вонредни состојби во институциите од културата“, каде се обраќаат претставници од музеите во Република Македонија.

Поврзани вести

Книжевен разговор со писателите Ренато Баретиќ и Е... Издавачката куќа „Готен“ ве поканува на книжевниот разговор со писателите Ренато Баретиќ и Емир Имамовиќ, кој ќе се одржи на 27 јуни со почеток во 20....
„Ослободување на Скопје“ прикажан на филмски фести... Македонскиот кандидат за Оскар, филмот „Ослободување на Скопје” на Раде и Данило Шербеџија се прикажа на филмскиот фестивал во Шангај во рамките на пр...
Второ издание на Фестивалот „Словенија во Охрид“... Со низа културни настани на повеќе локации од денеска до 27 јуни во Охрид ќе се одржува второто издание на Фестивалот „Словенија во Охрид 2017“. Св...
Започнува ликовната колонија „Вевчански видувања“... Во Вевчани утревечер започнува осмата традиционална меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“, на која годинава ќе учествуваат афирмирани умет...
Поетот Митко Гогов на фестивалот „Словенески венец... Во рамки на четвртиот Меѓународен поетско-музички фестивал „Словенески венец“ 2017, кој се одржа во градот Бреза, во Белорусија, поетот Митко Гогов бе...
Триесетина поети од странство ќе гостуваат на 56. ... При крај се подготовките за 56. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кое годинава ќе се одржи од 23 до 28 август во Струга, а поетски читања ќе...