Матурантите танцуваа квадрил на плоштад „Македонија“

Матурантите танцуваа квадрил на плоштад „Македонија“

Околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје денеска напладне традиционално танцуваа квадрил на плоштадот „Македонија“ и положија заклетва за ненасилство.

Матурантите квадрил танцуваа со сини, а матурантките облечени со жолти маички на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“, на преземен сигнал од Радио Словенија со посредство на Македонското радио – Радио Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, порача дека со „Матурската парада“ учениците ќе се придружат на стотици и илјадници матуранти од повеќе европски градови и симболично ќе се поврзат преку музика, танц и дружење.

– Со завршувањето на средното образование пред вас стојат многу можности. Ви посакувам да ги искористите новите предизвици и искушенија кои искрено се надевам дека ќе успеете да ги совладате со својот младешки елан, енергија и ентузијазам, изјави Трајановски.

Изрази надеж, дека нивниот пример ќе го следат и идните генерации матуранти, не само што ќе ја продолжат традицијата, туку и ќе продолжат да ја пренесуваат пораката за мир и толеранција во светот.

Покровители на „Матурската парада 2017“ се Град Скопје и Делегацијата на Европската унија во Скопје. Матурантите годинава танцуваа и салса на композицијата „Shape of you“.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.

Годинава, освен матуранатите од Скопје танцуваа и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.

Поврзани вести

Што ќе се случи ако Земјата почне побрзо да се врт... msn.com Во животот постојат доволно нешта за кои треба да сме загрижени. На пример, нуклеарна војна, климатски промени, и дали исправно или погрешн...
Кој е највисок на Балканот? Радио Слободна Европа – Прага Истражувањето кое е спроведено во рамки на проектот JoinEU-SEE за висината на мажите во светот, вклучувајќи и некои з...
Ајфеловата кула сака повеќе приходи… и помал... Легендарниот париски споменик, стар 128 години, не можи да прими повеќе од седум милиони туристи годишно, капацитетот е максимално искористен. За да с...
Копенхаген вложува 45 милиони долари за садење нов... Одборот за животна средина на градот Копенхаген одобри 300 милиони круни, односно 45 милиони долари за садење нови стебла во целиот град. Целта на ...
ФОТО: Семејна куќа со необичен дизајн... Во австралискиот град Мелбурн е изградена современа семејна куќа во викторијански стил, која со својот необичен дизјан воспоставува баланс меѓу индуст...
Бали и Ибица – најпопуларни дестинации за од... Бали и Ибица се најпопуларни дестинации за одмор оваа година, според податоците на TripAdvisor. Популарниот сајт ги подели дестинациите во две груп...