Обука за 40 лица во рамки на проектот на МАСИТ за „Преквалификација на кадри“

Обука за 40 лица во рамки на проектот на МАСИТ за „Преквалификација на кадри“

Вкупно 40 кандидати денеска почнуваат со обуката во рамки на проектот на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ за „Преквалификација на кадри“, во соработка со УСАИД/РЕГ проектот.

Станува збор за започнување на втора – едукативна фаза од проектот во соработка со Сивус едукативен и развоен центар.

– По спроведеното истражување меѓу компаниите членки на МАСИТ е констатиран дефицит на кадри во ИКТ секторот, од профилите за програмирање. Како резултат на ова започна проектот за „Преквалификација на кадри“ каде целта е млади луѓе до 35 години, без претходно ИТ предзнаење да се преквалификуваат и да започнат кариера во ИКТ светот. Во согласност со потребите на компаниите се организираат обуки за профилите НЕТ и Фронт Енд Девелопер програмери, информираат од МАСИТ.

Обуката која денеска ја започнуваат 40-те кандидати планирано е да трае до септември, а потоа ќе следи пракса во некоја од ИТ компаниите членки на МАСИТ.

Крајната цел на проектот, по посета на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на јуниор програмерски позиции или други позиции поврзани со ИКТ сферата. Програмата за преквалификација ќе трае околу пет месеци.

Поврзани вести

Еврозоната се надева на договор за Грција и покрај... Претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум денеска изјави дека очекува да биде постигнат договор, кој ќе овозможи доделување кредити за Атина, и п...
Новак: Изградбата на „Турски поток“ се одвива со п... Во најскоро време „Газпром“ ќе добие дозвола за изградба и на втората линија од гасоводот „Турски поток“, изјави денеска во Истанбул рускиот министер ...
Берлин го предупредува Трамп за последиците од дан... Германската централна банка денеска предупреди дека даночните реформи предложени од новата американска Админитрација ќе бидат штетни за економијата на...
Александар Зарков – предлог на ССК за вицепр... Александар Зарков е предлогот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) за вицепремиер за економски прашања во новата влада. Како што соо...
Шојбле: Грчките мерки за штедење се на вистинскиот... Мерките за штедење што ги презеде Атина се чекор во вистинската насока, изјави денеска во Берлин германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле во ...
Просечната нето плата во март 22.445 денари... Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017, изнесувала 22.445 денари и е за 1,8 отсто повисока воп однос на март лани, соопшти ...