Приведени тројца вработени во турскиот опозициски весник „Созџу“

Приведени тројца вработени во турскиот опозициски весник „Созџу“

По налог на истанбулското Јавно обвинителство денеска се приведени тројца вработени во турскиот опозициски весник „Созџу“, под обвинение за соработка со движењето на исламскиот проповедник Фетулак Ѓулен.

Како што јави телевизијата „Хабер Турк“ приведени се уредникот на интернет изданието на весникот, раководителот на финансиската служба на медиумот и еден дописник.

Обвинителството смета дека приведените во ноќта на 15 јули 2016 година, кога беше извршен неуспешниот обид за државен удар, ги известиле пучистите за местото на кое се наоѓа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Приведените се обвинети за „соработка со терористичка организација, за обид за атентат врз претседателот и за државен удар“.

Осомничените лица се наоѓаат на распит во зградата на безбедносната служба во Истанбул, а во нивните домови е извршен претрес, при што според полициски извори, се пронајдени докази за нивна поврзаност со движењето на Ѓулен.

Обвинителството издаде налог и за апсење на сопственикот на весникот Бурак Акбај, кој во моментот се наоѓа надвор од Турција.

Според обвинението, весникот „Созџу“ на 15 јули минатата година на своето интернет издание објавил фотографија од хотелот „Гранд Јазиџи“ во одморалиштето Мармарис, каде што тогаш претстојуваше Ердоган. Обвинителството смета дека со ова весникот им помогнал на пучистите да дознаат каде се наоѓа шефот на државата.

Поврзани вести

Во Турција приведени дваесет лица осомничени за по... Дваесет лица, меѓу кои и жени, се приведени денеска во операција во Конја и уште шест окрузи на Турција против лица, осомничени за врски со организаци...
Грчката Влада одобри 180.000 евра помош за Китира... Грчката Влада соопшти дека доделува 180.000 евра итна помош за островот Китира, кој месецов беше зафатен со разурнувачки шумски пожар. Помошта ја о...
Остра порака на грчкиот претседател кон Анкара... Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос упати остра порака кон Турција во врска со изјавата дадена вчера од нејзиниот шеф на дипломатија Мевљут Чавушо...
Наредба за апсење на 70 поранешни службеници во Ми... Турските власти издадоа наредба за апсење на 70 поранешни вработени во Министерството за финансии поради осомниченост за врски со обидот за преврат од...
Грчката Влада објави мерки за санирање на штетите ... Владата во Атина објави мерки за надминување на загубите од катастрофалните пожари во земјата, јавија грчки медиуми. Мерките, усвоени на седница на...
Вучиќ треба да се сретне со Доналд Трамп до крајот... Претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп до крајот на годината, пишува српскиот весник „Б...