Грција очекува кинески инвестиции во висина од 40 милијарди долари

Грција очекува кинески инвестиции во висина од 40 милијарди долари

Грција очекува новиот кинески проект, „Патот на свилата“, да ја зајакне нејзината позиција на економски план, да резултира со зголемување на трговската размена меѓу двете држави до три милијарди долари и во земјата да влезат инвестиции од Кина во висина од 40 милијарди долари.

– Грчкиот бизнис очекува дел од тие 40 милијарди долари, кои Кина ќе ги инвестира во следните три години, изјави заменик-министерот за економија на Грција Стергиос Пициорлас, коментирајќи ја неодамнешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Пекинг.

За време на посетата на Ципрас во Пекинг беа потпишани два договори за соработка, од кои едниот меѓу конзорциумот „Копелузос“ и „Шенхуа Груп“ во вредност од три милијарди евра во областа на еколошката енергија и меѓу „Фортнет“ и „ЗТЕ“ за изградба на мрежи од оптички калби во Грција во вредност од 500 милиони евра.

Енергетиката, бродоградбата, туризмот и недвижностите се основните сектори во кои Грција очекува кинески инвестиции.

Поврзани вести

Еврозоната се надева на договор за Грција и покрај... Претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум денеска изјави дека очекува да биде постигнат договор, кој ќе овозможи доделување кредити за Атина, и п...
Новак: Изградбата на „Турски поток“ се одвива со п... Во најскоро време „Газпром“ ќе добие дозвола за изградба и на втората линија од гасоводот „Турски поток“, изјави денеска во Истанбул рускиот министер ...
Берлин го предупредува Трамп за последиците од дан... Германската централна банка денеска предупреди дека даночните реформи предложени од новата американска Админитрација ќе бидат штетни за економијата на...
Александар Зарков – предлог на ССК за вицепр... Александар Зарков е предлогот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) за вицепремиер за економски прашања во новата влада. Како што соо...
Шојбле: Грчките мерки за штедење се на вистинскиот... Мерките за штедење што ги презеде Атина се чекор во вистинската насока, изјави денеска во Берлин германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле во ...
Просечната нето плата во март 22.445 денари... Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017, изнесувала 22.445 денари и е за 1,8 отсто повисока воп однос на март лани, соопшти ...