Холандскиот крал инкогнито пилотира два пати месечно

Холандскиот крал инкогнито пилотира два пати месечно

Цела 21 година холандскиот крал Вилијам Александер тајно летал два пати месечно како копилот на патнички авиони.

Вилијам Александер на престолот седна во 2013 година, но тоа не значеше дека се одрекол од својата улога во пилотската кабина.

– Летање и пилотирање едноставно ги доживувам фантастично, рече за весникот „Де елеграф“.

Како што истакна, тој планира да продолжи со летање, но следните месеци ќе вежба како да пилотира на „Боинг 737“. Досега холандскиот крал управувал со авионот „Фокер 70“.

Иако беше познато дека понекогаш се појавув како пилот-гостин за да ја одржува својата пилотска дозвола, тоа што никој не знаеше е дека кралот два пати месечно инкогнито пилотирал со патничките авиони, најчесто со капетанот на компанијата „КЛМ“, Мартен Путман.

Владата на Холандија откри минатиот месец дека Вилијам Александер летал на „Фокер 70“, како за владата така и за компанијата „КЛМ“. Тој авион ќе биде заменет за „Боинг 737“.

Во едно интервју тој изјави дека ако поради некоја случајност не се родел во кралско семејство, неговиот син би пилотирал со големи патнички авиони, како „Боинг 747“.

Кралот рече дека никогаш не го користел неговото име кога се обраќал на патниците, како и дека ретко го препознавале во униформа со капа на компанијата „КЛМ“ на главата.

– Предност е тоа што на патниците секогаш можам да им посакам добродојде во име на капетанот и екипажот. На тој начин не морам да го кажувам своето име, истакна холандскиот крал.

Тој рече дека не планира да престане со пилотирање и дека сака да лета на долги летови.

Поврзани вести

За само 430.000 долари продаден авионот на Елвис П... Приватниот авион што некогаш му припаѓал на кралот на рокенролот, Елвис Присли, за 430.000 долари вчера е продаден на аукција, откако повеќе од 35 го...
ВИДЕО: Сопругот на премиерот на Луксембург на фото... Сопругот на премиерот на Луксембург Гзавие Бетел позираше на фотографирањето со сопругите и девојките на останатите лидери на НАТО. Готје Дестенеј,...
Колин Фирт: Сакам италијански пасош поради Брегзит... Оскаровецот Колин Фирт (56) побара италијанско државјанство, затоа што, како што рече, Велика Британија се одчучила за Брегзит. Барањето е поднесен...
Зошто никогаш повеќе нема да имеме некој како Роџе... Фразата „крај на една ера“ толку многу се користи, што веќе стана клише. Сепак, кога станува збор за Роџер Мур, кој почина во вторникот на 89-годишна ...
Се продава приватниот авион на Елвис Присли... Приватниот авион кој му припаѓал на американскиот музичар Елвис Присли ќе биде понуден на аукција откако 30 години стоеше на пистата во американската ...
На 89-годишна возраст почина Роџер Мур... Популарниот британски глумец Роџер Мур, кој е најпознат по улогата на Џејмс Бонд, почина денеска на 89-годишна возраст, соопштуваат од неговото семејс...