Трпчески премиерно го изведе „Македонисимо“ пред германската публика

Трпчески премиерно го изведе „Македонисимо“ пред германската публика

Германската публика во Лудвидсбург имаше прилика премиерно да го слушне новиот проект на македонскиот пијанист Симон Трпчевски насловен „Македонисимо“ со музика од Македонија.

Освен на пијано, Трпески свиреше и на хармоника, па дури и запеа. Бувчанско, Малешевка, Црногорка, Беранче, Велигденско, Пелистерско, Поступано, но и Филка мома, Чие е она девојче,… во препознатливите македонски ритми, аранжирани во соработка со македонскиот композитор Панде Шахов беа изведени со тимот во чиј состав беа Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал и Влатко Нушев на удиралки.

– „Ептен македонско“, како што во шега знае да каже носителот на нашиот културен идентитет во светот, наиде на овации кај пребирливата фестивалска публика, соопшти „КултурОп“ со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Трпчески за Македонското радио изјави дека едвај ги чека следните изведби на проектот за кои се надева дека ќе наидат на добар прием кај публиката.

– Луѓето беа одушевени и мене ми е исклучително драго што на овој начин се заокружи овој проект што вклучува сплетови од македонски ора со неколку песни кои и носат шарм на целата инструментална димензија од 80 минути музика. Искрено се радувам и едвај ги чекам следните изведби на проектот и се надевам дека насекаде низ светот каде што ќе успеам да го претставам ќе наиде на убав прием кај публиката, вели Трпчески.

На 6 јули проектот „Македонисимо“ ќе биде изведен пред словенечката публика во Љубљана.

Поврзани вести

Македонско културно лето 2017 во Мала Преспа... Со претставата „Маша и нејзината волшебна приказна“ на театарот Крик од Скопје, вечер во Мала Преспа, Република Албанија, почнува јубилејното 10. Маке...
„Градиме нови генерации“ – мото на јубилејни... Со дваесеттина настани, преку 40 учесници и петдневна програма под мотото „Градиме нови генерации“, денеска во Струга почнува јубилејното 5. издание н...
Скопје кандидат за „Европска престолнина на култур... Со изложби на фотографии и инсталации, како и со проекција на документарен филм, вечер во Младинскиот културен центар почнува проектот „Европска прест...
Почнува „Крушево етно град 2017“... Со формирање Поворка во Домот на културата во Крушево, вечер почнува годинашната манифестација „Крушево етно град“. Официјалното отворање ќе биде ...
Книжевен разговор со писателката Наида Мујкиќ... Издавачката куќа „Готен“ во соработка со Здружението за култура и развој на креативните индустрии „КУЛТ-ТРАНЗЕН“ од Струмица, денеска организра книжев...
Предавања и изложби по повод Светскиот ден на архе... По повод одбележување на светскиот ден на археологијата, Институтот за археолошки истражувања - Скопје ќе огранизира настан во НУ Археолошки музеј на ...