Бистрица Миркуловска добитничка на наградата „Даница Ручигај“

Бистрица Миркуловска добитничка на наградата „Даница Ручигај“

Поетесата Бистрица Миркуловска е добитничка на наградата „Даница Ручигај“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација. Наградата на Бистрица Миркуловска и е доделена за стихозбирката „Фатаморгана“ објавена во издание на „Академски печат“ од Скопје. Признанието ќе биде врачено на манифестацијата „Празникот на липите“ што ќе се одржи во средината на јуни.

Селекторот за доделување на наградата „Даница Ручигај“, Мирјана Стојановска, претседателка на Клубот на писателките при ДПМ, во образложението на одлуката, меѓу другото, пишува: „Новата книга на Бистрица Миркуловска е резултат на нејзиното богато творечко искуство кое во тековите на современата македонска поезија во изминатите неколку децении остави свои препознатливи белези. Во наградената стихозбирка доаѓа до израз лирскиот пристап, со суптилни творелки трепети за смислата на постоењето, со изразито лични акценти, но во контекстот на размислувањата за универзалната човекова егзистенција. Книгата „Фатаморгана“ остава впечаток и со внатрешната структуираност на мотивско-тематски и стилско-ирзазен план како јасно заокружена творечка целина.“

Бистрица Миркуловска е доајенка на ДПМ. Родена е во 1930 година и е автор на повеќе од 20 стихозбирки. Покрај поезија, пишува и проза, литература за деца, а активно се занимава и со превод. Својот работен век го помина како професор по словенечки јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член на ДПМ е од 1971 година.

Поврзани вести

Интензивно напредуваат градежните работи на Албанс... Успешно реализирани првите фази од реконструкцијата на Албанскиот театар и од изградбата на Турскиот театар во Скопје. Увид во градежните активнос...
Манифестација Мариовско – мегленски културни средб... Во манастирот „Свети Илија“ кај Мелница, Мариово, денеска по 33. пат се одржаа „Мариовско-мегленските културни средби“. Се собраа сегашните и неког...
Изложба на дела од Христна Деолска... Во организација на Националната установа центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, во фоајето на Спомен-домот „АСНОМ“ денеска се одржа ...
Документарен филм и африканска музика за крај на 1... Со музика од африканскиот континент вечер завршува годинашниот 16. Оффест. Во Дансинг салата на Младинскиот културен центар од 20.30 и од 22.30 часот ...
Почнува Интернационалниот литературен фестивал „Пр... Во галеријата Даут-пашин амам вечер во 19.30 часот ќе биде отворен 5. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“, кој го организира издавач...
Мариовско – мегленски културни средби... Традиционални „Мариовско-мегленски културни средби“ ќе се одржат денеска во манастирскиот комплекс „Свети Илија“ во Мариово. Организатор на манифе...