Пролетен базар на домашни ракотворби на плоштадот „Филип Втори“

Пролетен базар на домашни ракотворби на плоштадот „Филип Втори“

Традиционален „Пролетен базар на домашни ракотворби“ ќе се одржи денеска и утре на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје. Покровител на манифестацијатa е Град Скопје, а организатор е Занаетчиската комора Скопје.

На овој дводневен настан ќе бидат презентирани различни занаети, нивното значење за квалитетот на живеење на граѓаните и што би претставувало човештвото без занаетчиството. Како дел од оваа манифестација ќе се промовираат изработките на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, магично плетиво, изработки од камен, дрво и керамика, цртано стакло, како и изработка на слики од срма, a ќе има и креативна работилница.

Посетителите ќе можат да погледнат и да купат интересни ракотворби, како накит, парчиња облека, уметнички слики, филигран и друго. Ќе биде објавен и најавтентичен сувенир на град Скопје, избран од страна на комисија.

Од Град Скопје информираат дека целта на овој настан е да се истакне важноста на занаетчиството и стопанството, средното стручно образование, практичната обука и стекнувањето вештини и компетенции, а со цел поттикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување.

Воедно, целта на манифестацијата е да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производство, како и да се поттикне размената на искуства и знаење меѓу занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските производи и услуги и да се зголеми туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на Скопје.

Поврзани вести

ВИДЕО: Делфини на туристите им го разубавеа крстар... Мајкл Бадер, германски државјанин кој живее и работи во Бар бил пред два дена на крстарење и успеал да сними неколку делфини. Видеото е снимено во ...
Стивен Хокинг: Ако ви се јават вонземјани, не одго... Популарниот научник Стивен Хокинг предупредува дека евентуалното комуницирање со вонземјани нема да биде добро за цивилизацијата. Астрофизичарот см...
Алис Купер случајно најде слика на Ворхол вредна д... Некои луѓе забораваат каде ги оставиле клучевите или телефонот, а некои едноставно „некаде затурат“ слика вредна повеќе од десет милиони долари. То...
ВИДЕО: Монтажна куќа на копче сама се гради за 8 м... Инжинери дизајнираа монтажна куќа која на притисок на копче сама се изградува за осум минути и е една од многу монтажни објекти кои ги дизајнира брита...
Уметнички за Адидас дизајнирале 50 модели на патик... Адидас ангажирал 12 уметнички за да дизајнираат посебен вид Албатрос патики за секоја држава во САД. Уметничките биле избрани преку страницата Refiner...
Џони Деп платил 7.000 долари за кауч од шоуто на с... Компанијата „Менаџмент Груп“ (ТМГ), кој до неодамна се грижеше за финансиите на Џони Деп, го обвини актерот дела води расипнички живот и дека троши по...