Албанските партии договорија еднонеделно одлагање на изборите

Албанските партии договорија еднонеделно одлагање на изборите

Албанските политички партии постигнаа компромис и за една недела ги одложија парламентарните избори, од 18 јуни на 25 јуни, по интензивните преговори со посредништво на американски заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји и амбасадорот на САД во Тирана, Доналд Лу.

По тричасовни разговору премиерот Еди Рама од владејачката Социјалистичка партија и Љуљзим Баша од главната опозициска Демократска партија претпладнево соопштија дека постигнале договор за изборите.

По средбата, двајцата лидери изјавија дека деталите од спогодбата ќе бидат дефинирани во следните 24 часа.

Но, неколку часа подоцна партиите веќе соопштија дека се договориле изборите да се оддржат на 25 јуни, место првично предвидениот термин -18 јуни.

Договорот предвидува претставници на опозицијата да го следат изборниот процес.

Опозицијата ја бојкотира работата на Парламентот од февруари и одби да се регистрира за изборите, тврдејќи дека кабинетот на Рама ќе врши нерегуларности на изборите.

Американскиот дипломат Ји во понеделникот на Рама и Баша им го достави предлогот на европските пратеници за надминување на политичката криза во змејата, што беше основа за преговорите.

Поврзани вести

Грабар-Китаровиќ: Постојано одржување избори не е ... Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска изјави дека се надева оти по вториот круг од локалните избори, што ќе се одржат за две недел...
Вучиќ: Името на новиот српски премиер ќе се знае з... Актуелниот српски премиер и новоизбран претседател на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека името на неговиот наследник на премиерската функциј...
Започна процесот против главните осомничени за оби... Судскиот процес против главните осомничени за обидот за преврат во Турција минатата година започна денеска, под засилени безбедносни мерки, јави агенц...
Питела: ЕУ ризикува Балканот да премине во руска о... Шефот на пратеничката група на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Џани Питела изјави дека на државите од Западен Балкан, кои сакаат ...
Урнат ноќниот клуб „Реина“ во кој во напад на ИД н... Денеска е урнат познатиот истанбулски ноќен клуб „Реина“, во кој во напад на Исламска држава, на Нова Година, загинаа 39 лица, информира весникот „Хур...
Познати имињата на техничките министри во владата ... Лидерот на најголемата опозициска сила, Љуљзим Баша, врз основа на политичкиот договор, му ги достави имињата на техничките министри и вицепремиерот в...