Завршија проценките на комисиите за штетите до мразот во кочанско

Завршија проценките на комисиите за штетите до мразот во кочанско

По поднесените барања од страна на земјоделците за настанатата штета од мразот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Подрачна единица во Кочани како и од општините Кочани и Чешиново Облешево, беа формирани две комисии кои што излегоа на терен со цел утврдување на настанатите штети во периодот од 21 и 22 април.

По направениот увид на терен Подрачната од Кочани денеска излезе со информација за настанатата штета во која се истакнува дека најголем дел од поднесените барања за штети од мразевите се однесуваат за измрзнати лозови и овошни насади.

– Вкупно имавме добиено 480 барања за проценка на направена штета од граѓаните на општините Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево, така што двете комисии составени од МЗШВ излегоа на терен ги проценија штетите, изјави Јордан Димитров раководител на ПЕ на МЗШВ Кочани.

Штетите се најголеми и се движат од 80 до 100 проценти кај лозовите и овошните насади, а најголеми штети кај лозовите насади се констатирани во атарот на селата Бурилчево, Кучичино и Бања, а за овошни насади посебно вишните во најголем процент се уништени во селата Теранци, Спанчево и Бурилчево, информира Димитров.

Поврзани вести

Трамп: Амазон им прави голема штета на продавачите... Американскиот претседател Доналд Трамп повторно денеска го нападна гигантот во електронската трговија Амазон, чиј сопственик Џеф Безос го поседува и в...
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо законските 5 отсто, СДСМ плани... Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што рече дека СДСМ го укинува најавеното и планираното покачување на пензиите...
Делев: Владата на СДСМ секој ден ја задолжува држа... Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека Владата на СДСМ безмислосно ја туркала државата во долгови. - Македонската ј...
Американците со рекордно ниво на задолженост од 12... Задолженоста на Американците во вториот квартал од годината се искачи на рекордно ниво од речиси 12.500 милијарди долари благодарение на умерениот рас...
СДСМ: Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ нема да го сокри... „Преку одговорното и транспарененто работење, Владата предводена од СДСМ го исплати долгот кон Дојче Банка во висина од 77,3 милиони евра, а јавниот д...
Слаба реализацијата на проектите за самовработувањ... Мала е реализацијата на Проектот со кој се предвидени мерките за самовработување со кредитирање, за кредитирање правни субјекти за отворање нови работ...