Рецитал на сопранот Ѓиновска Илкова на Мајски оперски вечери

Рецитал на сопранот Ѓиновска Илкова на Мајски оперски вечери

Сопранот Весна Ѓиновска – Илкова и пијанистката Кристина Светиева во рамки на програмата на јубилејните 45-ти „Мајски оперски вечери“ вечер со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет ќе одржат рецитал.

Режисер е Дејан Прошев, а на програмата се дела од Чајковски, Рахмањинов, Форе, Пуланк, Лист, Штраус, Чилеа, Верди. Гостин на концертот е виолинистот Горан Муратовски.

Весна Ѓиновска Илкова е водечки оперски драмски сопран во Македонија, певица со софистицирано пијано, беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и силно сценско присуство. Нејзиното деби на сцената на Македонската опера и балет е во 1996 година во улогата на Михаела во „Кармен“, а на меѓународната сцена дебитира во 2001-та во Националната опера на Софија во комплексната улога на Елизабета во „Дон Карло“ од Верди.

Ѓиновска Илкова ужива богата домашна и меѓународна кариера. Досега настапувала во Данска, Хрватска, Словенија, Бугарија во постановките на „Аида“, „Отело“, „Турандот“, „Мадам Батерфлај“, „Симон Боканегра“, „Атила“, „Моќта на судбината“, „Бал под маски“, „Лидија од Македонија“… Освен на оперската, редовно е присутна и на концертната сцена, и е добитничка на голем број значајни награди и признанија.

Кристина Светиева се вбројува меѓу талентираните млади македонски пијанисти. Победничка е на бројни домашни и меѓународни натпревари. Настапувала на концертните и фестивалските подиуми во Турција, Бугарија, Холандија, Кипар, Хрватска, Шведска, Италија, Франција, Чешка, САД. Повеќепати настапила како солист со Македонската филхармонија. Првиот концертен настап го реализирала на шестгодишна возраст. Дипломирала cum laude (класа на Тодор Светиев) и магистрира cum laude на ФМУ во Скопје, под менторство на Жени Захариева, која е ментор и на нејзиниот докторат по музичка уметност со кој се стекнала во 2014 година.

Поврзани вести

Две Гран-при награди за кочанските ученици на фест... Вкупно осум награди од кои две Гран-при освои тимот ученици од ОУ „Никола Карев“ на 9. „Марковденски средби за деца и поети“ што се одржа во Бачка ...
Девет концерти на 16.ОфФест од 25-ти до 28 мај... Девет концерти и еден документарен филм во четири дена се на програмата на 16-тиот ОфФест, кој во организација на Скопски џез-фестивал ќе се одржува о...
Актери од Крива Паланка на Меѓународен театарски ф... Претставата „Не обложувај се на Англичани“ во изведба на актерите од драмското студио при Центар за култура Крива Паланка беше изведена на Меѓународни...
Награда за документарниот филм „Езеро од јаболка“ ... Документарниот филм „Езеро од Јаболка“ поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Швајцарската агенција за развој и соработка ја д...
По втор пат распишан конкурсот за избор за најдобр... Општина Куманово по втор пат го распиша конкурсот за избор за најдобра фотографија со мотиви од Куманово – „Мое Куманово“. Конкурсот се распишува...
Книга за нуклеарната катастрофа во Чернобил од ноб... Издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „Чернобилска молитва“ од белоруската авторка Светлана Алексиевич, добитничка на Нобеловата награда за лит...