Домати полнети со паштета и моцарела

Домати полнети со паштета и моцарела

Како резултат на оваа одлична комбинација на состојки добиваме извонреден вкус…

Потребно е:
4 домати со средна големина
100 гр моцарела
2 млади кромидчиња
200 гр паштета
2 лажици сецкан свеж власец

за украсување:
4 лажички пармезан исецкан на ливчиња
2 лажички сецкан свеж власец

Подготовка:
– Измијте ги убаво доматите, исечете им го горниот дел и издлабете ги.

– Моцарелата насецкајте ја на коцкички. Кромидот ситно исецкајте го.

– Во еден сад измешајте ги убаво паштетата, моцарелата, кромидот и власецот. Со оваа мешавина полнете ги доматите.

– Секој полнет домат посипете го со парченцата пармезан и сецканиот власец и послужете го.

Поврзани вести

„Иновативно кулинарско искуство 2017“ од 2 до 8 ок... Светски познати готвачи со мишелин ѕвезди од Перу, Чиле, Германија, Мароко, Турција и Кина ќе подготвуваат специјалитети од шест интернационални кујни...
Тиквички – вкусни, здрави и корисни... Тиквичките се вкусни, а содржат и многу корисни и здрави состојки. Вистинска ризница се на манган, магнезиум, калиум, како и ретки минерали на фос...
Виенски гулаш со кнедли Највкусниот и најароматичен гулаш! Потребно е: 800 гр говетско месо за гулаш (од врат, грб, може и мешано) 3 главици кромид 3-4 лажици блага мел...
Полнети јајца Убава идеја за денешното предјадење ... Потребно е: 2 јајца 100 гр шунка 200 гр свежо кравјо сирење кисела павлака сол Подготовка: - Во е...
Брза чорба од домати Брзо се подготвува,а е неверојатно вкусна ... Потребно е: 1/2 л варен сок од домати 3 полни лажици пире од домати 1 л врела вода 1 лажица м...
Свеж бакалар во сос од лук Обавезно пробајте риба подготвена на овој начин, вкусот е феноменален ... Потребно е: 4 х 200 гр свеж бакалар 65 гр омекнат путер 1 1/2 лажица с...