(ВИДЕО) Стериовска од „Шарена револуција“: Очекуваме да владеат принципи, а не луѓе во Македонија

(ВИДЕО) Стериовска од „Шарена револуција“: Очекуваме да владеат принципи, а не луѓе во Македонија

Сите денови на улиците доведоа до остварување на целта-можност за демократско општество во кое ќе владее правото. Зачетниците на „Шарената револуција“ кои излегоа пред владата, точно на две години од најмасовниот протест, потсетуваат дека очекуваат да се остварат нивните идеи за подобро општество за сите и владеење на правото.

Режисерката Ирена Стериовска, граѓански активист и еден од симболите на „Шарената револуција“ се надева дека врз принципите на револуцијата ќе се изгради подобро општество.

-Шарена револуција е нешто што се случи, и нешто што откако се случи постојано се случува. Јас ја нарекувам револуција на состојба на умот, каде луѓето ги искинаа синџирите и го победија стравот. Со Шарената револуција се креираше една идеја за свет и држава каде правдата и шаренилото се добра основа да се изгради либерално општество кое ќе биде добра основа за сите нас.

Според неа, до целта се стигна не само благодарение на „Шарената револуција“ туку со многу сегменти.

-Колку сме направиле во оваа битка? Нема само еден сегмент кој допринел ова се се случи, треба да се даде големо значење на сите чинители кои во јавниот живот помогнаа да продре идејата за слободна Македонија, се надевам дека ова е добар почеток за сите нас.

Таа вели дека „Шарените“ ниту сега не се откажуваат од она за што се бореле.

-Самата „Шарена револуција“, не се бориме за човек, ниту за замена на места, иако не мислам дека сега се работи за чиста замена на места. Но, се надеваме дека ќе владеат принципи, а не луѓе во Македонија. Тие доаѓаат и заминуваат. Се надеваме дека ќе владеат идеи, најдобро ќе биде да дојдеме до ситуција кога нема да биде битно кој е на власт, туку ако бидеме држава која ги почитува правните принципи, рече Стериовска.

Поврзани вести

Живаљевиќ: Влегов во Собранието со дозвола на сове... Поранешниот советник за безбедност во српската амбасада во Скопје, Горан Живаљевиќ, ги негира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека македонските институции не ...
Кабинет на Иванов: Македонските служби не побарале... Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат во врска со изјавата на српскиот разузнувач Горан Живаљевиќ, дадена за српската агенција Танјуг. ...
СДСМ: Хаос се случува само во главата на Никола Гр... Никола Груевски е човекот којшто им ги создаде најголеми проблеми на граѓаните и на Република Македонија. Откако ги осиромаши граѓаните, откако ја...
Почина новинарот Ѓорѓи Ристески-Џостер... Денеска во Скопје, на 57-годишна возраст ненадејно почина долгогодишниот новинар на „Вечер“ и „Експрес“, Ѓорѓи Ристески-Џостер. Кариерата ја започн...
Персоналот во српската Амбасада во Скопје се враќа... Персоналот на српската Амбасада утре ќе пристигне назад во Скопје. Ова, како што соопшти Министерството за надворешни работи, го информирал првиот зам...
ВМРО-ДПМНЕ: Никој не дал согласност за влез на Жив... „ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост за објавената, од страна на Република Србија, шпионска афера која има меѓународни димензии, имајќи предвид дека е меѓ...