ВИДЕО: Дубаи гради уште два вештачки острова до крајот на 2020 година

ВИДЕО: Дубаи гради уште два вештачки острова до крајот на 2020 година

Дубаи планира да вложи 1,7 милијарда долари во проектот за пополнување на два вештачки острова од двете страни на луксузниот хотел „Бурј Ал Араб“. Новиот мегапроект е наречен „Марса Ал Араб“ и подразбира градење одморалиште, кое би требало да го зголеми бројот на посетителите на Обединетите Арапски Емирати на 20 милиони годишно.

Тоа е дел од подготовките за светската изложба World Expo, која во 2020 година ќе се одржи во Дубаи. Изградбата на двата нови острова би требало да почне во јуни оваа година, а завршувањето се планира кон крајот на 2020 година.

„Марса Ал Араб“ ќе се простира на површина од околу 370.000 метри квадратни и на досегашниот брег ќе бидат додадени 2,2 километри плажа. Еден остров ќе биде посветен на забава и семеен туризам, додека другиот остров ќе биде место за луксузно одморалиште.

Новиот амбициозен проект ќе опфаќа и приватно пристаниште, јахт клуб, рекреативни атракции, ресторани и кафулиња, хелиодром, хотел, огромни продажни простори и 300 апартамани со поглед на море.

Станбениот остров ќе биде лоциран лево од познатиот вештачки остров Бурј Ал Араб Џумеирах и ќе понуди 140 луксузни вили.

Поврзани вести

Најдобар животен стандард има Мелбурн, Манчестер и... Економската разузнавачка единица објави листа која го покажува животниот стандард на светските градови. На прво место е Мелбурн, потоа Виена и Ванкуве...
Кои народи трошат најмногу на патување?... Граѓаните на Луксембург трошат најмногу пари на патување, во просек 740 евра по лице, споредувајќи со другите земји од Европската унија, покажува истр...
Остров, кој половина година припаѓа на една, а пол... Во покраината Баскија, меѓу северниот шпански град Ирун и југозападниот француски град Хендаја, тече реката Бидасоа. На средината на реката, која ги р...
Туристите се уште го посетуваат Гуам и покрај зака... Туристите и натаму го посетуваат Гуам, иако Северна Кореја се закани дека ќе истрела ракети во насока на таа американска територија во екот на тензиит...
Биг Бен во Лондон е биде замолчен до 2021 година п... Големите ѕвона на кулата - часовник во Лондон, позната како Биг Бен, која е еден од најпознатите симболи на британскиот главен град , ќе бидат „замолч...
Најевтини далечни градски дестинации... Далечните градски дестинации стануваат се попопуларни. Сепак, некои од нив се попристапни од другите. Според препораките на Поштата на Велика Брита...