Романец во мисија за освојување на 14-те врвови повисоки од 8.000 метри

Романец во мисија за освојување на 14-те врвови повисоки од 8.000 метри

Алпинистот Хорија Колибашану (40) од романскиот град Темишвар си поставил за цел да ги искачи сите 14 врвови на Земјата повисоки од 8.000 метри.

Тој стан првиот Романец кој успеал да се искачи на највисокиот врв на планетава Монт Еверест, без резервен кислород и без помош на шерпаси,

– Беше ужасно тешко и многу студено. Успеав. Добро сум, ќе направам снимки и слегувам, изјави Хорија веднаш откако стигна на врвот.

Како што јави Аџерпрес, искачувањето траело приближно 12 часа, а последното застанување му било на 8.300 метри надморска височина. Еверест се наоѓа на 8.848 метри.

Сега авантуристот треба да се симне на височина под 8.000 метри, за да ја направи првата пауза, а имајќи го предвид и заморот како фактор, таа етапа е една од најризичните.

Монт Еверест е осмиот на листа од 14 врвови повисоки од 8.000 метри на кој успеа да се искачи Хорија.

Поврзани вести

Италијанската влада подарува над 100 дворци, вили ... Ако Италија е земја во која од секогаш сте сакале да живеете, еве можност тоа и да го остварите, објави „Нешнл џеографик“ Италијанската влада подар...
ВИДЕО: Дубаи гради уште два вештачки острова до кр... Дубаи планира да вложи 1,7 милијарда долари во проектот за пополнување на два вештачки острова од двете страни на луксузниот хотел „Бурј Ал Араб“. Нов...
Ненаселен остров во Пацификот „потопен“ со 17 тони... Малиот и ненаселен остров Хендерсон, во Јужниот Пацифик е прогласен за најзагаден со пластични отпадоци во целиот свет. Заедничкото истражување, шт...
Терапевтски понија ја намалуваат нервозата на патн... Два од 34 минијатурни коњи од фармата „Севн оукс“ во југозападен Охајо два пати месечно шетаат низ Меѓународниот аеродром Синсинати, Северен Кентаки, ...
Градба која се гради подолго од египетските пирами... Ако помисливте на Ајфеловата кула, Кинескиот Ѕид или мостот Голден Гејт, вие сте во заблуда. Станува збор за црква, поточно Саграда Фамилија во Барсел...
Јапонците имаат свој Хиландар: Остров забранет за ... Еден остров во југозападна Јапонија долго време беше затворен за жени. Дури и мажите кои оделе на ова свето место морале да доаѓаат целосно голи и да ...