Македонски готвачи освоија еден сребрен и три бронзени медали на Фестивал во Крањска Гора

Македонски готвачи освоија еден сребрен и три бронзени медали на Фестивал во Крањска Гора

Еден сребрен и три бронзени медали освои тимот на Македонската асоцијација на готвачи и шефови – ГастроМак Македонија, на годинешниот Втор меѓународен кулинарски фестивал, што се одржа во Крањска Гора, Словенија.

Како претставници на националната Асоцијација на готвачи и шефови – ГастроМак Македонија, Игор Атансов и Кристијан Китанов се натпреваруваа во категориите на традиционални и модерни јадења.

Две бронзени медали освои Игор Атанасов во подготовка на традиционално и модерно јадење, додека за истите категории, младиот и талентиран шеф Кристијан Китанов, под менторство на шеф Влатко Ѓоргиевски, освои по едно сребро и бронза. Со кулинарските вештини и креативност, двајцата македонски шефови ги задоволија и највисоките критериуми на натпреварот и ги освоија симпатиите на жирито.

– Исклучително сме горди на нашите готвачи за добиените признанија и награди особено ако се има предвид дека се натпреваруваа со готвачи од асоцијации на земји кои се поискусни од нас, но и лидери во гастрономијата во светски рамки’, изјави претседателката на Асоцијацијата ГастроМак, Адријана Алачки.

Поврзани вести

Вкусен колач со локум Едноставен колач со многу локум и ореви ... Потребно е: 400 гр кисело млеко 1,5 чаша (од 200 мл) шеќер 3 чаши брашно 1,5 чаша масло 1 лажиче с...
Пилешко со шафран, леќа и зеленчук... Богатство од мириси и неверојатен вкус ... Потребно е: 500 гр пилешко бело месо 250 гр црвена леќа 100 гр корен од целер 70 гр корен од пашкана...
Помфрит со нутела нов деликтес во Сиднеј... Сиднејскиот ресторан „Батлер“ на своите гости почна да им нуди нов деликтес, кој за кусо време стана вистинска сензација. Станува збор за обични пр...
Домати полнети со паштета и моцарела... Како резултат на оваа одлична комбинација на состојки добиваме извонреден вкус... Потребно е: 4 домати со средна големина 100 гр моцарела 2 млад...
Брокули пудинг Одличен и едноставен рецепт за сите кои обожуваат брокули ... Потребно е: 300 гр брокули 2 лажици путер 1 помала главица кромид, ситно сецкан 2...
Ароматичен млад грашок со зачини... Малку поинаков начин на подготвуање на млад грашок ... Потребно е: масло, колку да го покрие дното на садот 1/2 лажица ким 1 поголема главица кр...