(ВИДЕО) Џафери: Нема да има пречка да се избере нова Влада доколку Иванов одлучи да не го даде мандатот

(ВИДЕО) Џафери: Нема да има пречка да се избере нова Влада доколку Иванов одлучи да не го даде мандатот

Првата седница ќе биде седницата за формирање Влада, но исто така важно е и прашањето за измени во изборниот законик поради одложувањето на локалните избори, изјави на денешниот брифинг, Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според Џафери, засега најзначајно е партиите да се сретнат и да договорат датум за локалните избори бидејќи без датумот не може да се направат измени во изборниот законик за продолжување на мандатот на градоначалниците.

-Доколку партиите се договорат околу датумот за локалните избори и има консензус во Собранието околу ова прашање, се може да се заврши во еден ден, комисиите ќе се изберат по скратена постапка. Јас сум подготвен да си го сработам мојот дел од процедурата, останува на пратиите да договорат консензус, рече Џафери.

Во врска со предавање на мандатот, претседателот на Собранието рече дека ги завршил неговите обврски со тоа што го известил Претседателот Иванов дека во Собранието има мнозинство.

– Иванов нема алтернатива да бира дали ќе го даде мандатот или не, тој е должен да го додели мандатот на мандатарот кој има мнозинство во Собранието, вели Џафери.

Новоизбраниот претседател на Собранието два пати го извести Иванов дека во парламентот има мнозинство со што Претседателот на државата има обврска и рок од десет дена да го даде мандатот. Одбројувањето на овие десет дена започнуваат откако одлуката за нов претседател на Собранието е објавена во Службен весник. Тоа се случи на 10 овој месец што значи дека Иванов има рок до 19ти Мај да му го предаде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Откако Заев ќе го добие мандатот, според Уставот тој има 20 дена да достави до претседателот на Собранието предлог програма на новата влада.

Џафери истакна дека парламентарното мнозинство има експлицитно право да избере Влада. Според него, формално и правно нема пречка да се избере нова Влада доколку Иванов не го додели мандатот.

-Доколку има доставено програма и предлог состав на Влада, од тој момент имам рок од 15 дена да свикам седница за избор на Владата, рече Џафери.

Џафери се произнесе и за случувањата на 27 овој месец кога толпа граѓани под сомнителни околности успеа да влезе во Собранието каде физички беа нападнати пратеници и новинарски екипи. Тој смета дека би требало да биде формирана анкетна комисија која ќе работи на случувањата на крвавиот четврток.

-Неминовно е да се покрене процедура, секој треба да понесе одговорност за тој настан, рече Џафери.

Избраните пратеници во Собранието уживаат имунитет поради нивната функција што би значело дека доколку тие сторат кривично дело за што ќе биде одредена казна затвор до 5 години, нема да одговараат за стореното, но доколку казната за извршеното кривично дело е над 5 години тогаш тие го губат имунитетот и ќе одговараат пред надлежните институции.

Виктор Јованов

Поврзани вести

Живаљевиќ: Влегов во Собранието со дозвола на сове... Поранешниот советник за безбедност во српската амбасада во Скопје, Горан Живаљевиќ, ги негира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека македонските институции не ...
Кабинет на Иванов: Македонските служби не побарале... Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат во врска со изјавата на српскиот разузнувач Горан Живаљевиќ, дадена за српската агенција Танјуг. ...
СДСМ: Хаос се случува само во главата на Никола Гр... Никола Груевски е човекот којшто им ги создаде најголеми проблеми на граѓаните и на Република Македонија. Откако ги осиромаши граѓаните, откако ја...
Почина новинарот Ѓорѓи Ристески-Џостер... Денеска во Скопје, на 57-годишна возраст ненадејно почина долгогодишниот новинар на „Вечер“ и „Експрес“, Ѓорѓи Ристески-Џостер. Кариерата ја започн...
Персоналот во српската Амбасада во Скопје се враќа... Персоналот на српската Амбасада утре ќе пристигне назад во Скопје. Ова, како што соопшти Министерството за надворешни работи, го информирал првиот зам...
ВМРО-ДПМНЕ: Никој не дал согласност за влез на Жив... „ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост за објавената, од страна на Република Србија, шпионска афера која има меѓународни димензии, имајќи предвид дека е меѓ...