(ВИДЕО) Сејдиу: Реизбор на судиите за да нема луѓе кои судат врз етничка и верска основа

(ВИДЕО) Сејдиу: Реизбор на судиите за да нема луѓе кои судат врз етничка и верска основа

Движењето Беса го поддржува чекорот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за распуштање на судството и реизбор на судиите како приоритетна задача на новата влада.

-Движењето Беса смета дека на овој неправеден систем му треба итно и целосно редефинирање за да се врати професионалноста и да се стават во одредени позиции соодветни луѓе кои нема да судат врз етничка и верска основа, изјави Блерим Сејдиу, одговорен за правни прашања во партијата.

Како што кажа тој, итна е потребата од формирање систем кој ќе воспостави современи стандарди во администрацијата на правдата со што ќе се искорени комунистичкиот менталитет на функционирање на поранешната Југославија во однос на Албанците.

– Како е можно еден млад човек во контролиран протест само затоа што ги скршил прозорците на судот за да искаже револт кон неправедните одлуки во монтираните политички случаи да биде осуден на три години затвор, додека од друга страна насилниците на пратениците во случајот на 27 април се оставени на домашен притвор или не се осудени со никаква прелиминарна истражна мерка, вели Сејдиу.

Според него, промените во судовите и Јавното обвинителство се едни од главните столбови кои бараат итна интервенција за точно и прецизно дефинирање за да може во иднина да се произведат праведни одлуки без влијание на политиката и партиските преференци.

Во врска со изборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието, Беса смета дека тој е избран легитимно, но сепак остануваат на негативните ставови кои ги имаат кон Џафери како личност.

-Со самото пристуство на нашите пратеници во Собранието на Република Македонија ние го сметаме за легитимен претседателот на Собранието, нашите досегашни ставови беа конкретно за лицето Талат Џафери, не за позицијата Албанец да биде претседател на Собранието, рече Сејдиу.

Виктор Јованов

Поврзани вести

Свечена академија на УКИМ по повод Денот на Кирил ... Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ вечерва, со свечена академија во Македонска опера и балет, го заокружи одбележувањето на 68-годишнината од основање...
(ВИДЕО) Касами по средбата со Заев: Интензивно пре... Лидерот на БЕСА, Билал Касами по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека интензивно преговараат за новата влада која ќе биде реформска. ...
Заев и Ахмети разговараа за распределбата на ресор... Новиот владин кабинет има потреба од одговорни и квалификувани кадри, заклучија денеска претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, кои ...
ВИДЕО: Касами на средба со Заев... Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во партиското седиште се сретна со лидерот на БЕСА, Билал Касами. Заев и Касами ќе зборуваат за составот на новата ...
Одбележан Меѓународниот ден на биолошката разновид... Со планинарска тура до водопадите кај Долна Лешница на Шар Планина, во Македонија се одбележа Светскиот ден на биолошката разновидност. Како што ин...
Сообраќајот по наместа влажни коловози... Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитува...