Ароматичен млад грашок со зачини

Ароматичен млад грашок со зачини

Малку поинаков начин на подготвуање на млад грашок …

Потребно е:
масло, колку да го покрие дното на садот
1/2 лажица ким
1 поголема главица кромид
3 чешниња лук
1 зелено луто пиперче
220 гр малд грашок или 1/2 пакување замрзнат
2 средно големи моркови
1 лажиче коријандер во прав
1/2 лажиче ѓумбир во прав
1/2 лажиче куркума во прав
2 средно големи компири
1 лажица пире од домати или 1/2 конзерва пелати домати
сол, по вкус
околу 500 мл топла вода
1 лажица нишесте
100 мл јогурт

Подготовка:
– Исчистете го кромидот, морковите, лукчето и компирите. Кромидот исечете го на тенки полумесечинки, лукот изгмечете го, морковите исечете ги на тркалца, а компирите на половина.

– Отстранете ги семките на пиперчето и исецкајте го на коцкички.

– Во сад на рингла загрејте го маслото и додадете ги зрната ким. Кога кимот добро ќе се испржи (зрната треба да почнат да потпукнуваат) додадете го сецканиот кромид. Пропржете го неколку минути со постојано мешање.

– Сега додадете ги морковите, лукот и пиперчето и пржете ги неколку минути.

– Кога ќе омекне зеленчукот додадете го грашокот. Зачинете по вкус и пржете 5-6 минути со постојано мешање.

– Смалете ја малку температурата, додадете го пирето од домати и измешајте.

– Потоа додадете ги компирите, досипете вода, поклопете го садот и оставете го јадењето да се крчка на тивко околу 30 минути.

– Кога ќе испари целата течност додадете ја запршката (нишесте разматено во јогурт) и оставете уште малку да се крчка.

– Ова јадење сервирајте го топло со варен ориз или пак чапати лепче.

Поврзани вести

Вкусен колач со локум Едноставен колач со многу локум и ореви ... Потребно е: 400 гр кисело млеко 1,5 чаша (од 200 мл) шеќер 3 чаши брашно 1,5 чаша масло 1 лажиче с...
Пилешко со шафран, леќа и зеленчук... Богатство од мириси и неверојатен вкус ... Потребно е: 500 гр пилешко бело месо 250 гр црвена леќа 100 гр корен од целер 70 гр корен од пашкана...
Помфрит со нутела нов деликтес во Сиднеј... Сиднејскиот ресторан „Батлер“ на своите гости почна да им нуди нов деликтес, кој за кусо време стана вистинска сензација. Станува збор за обични пр...
Домати полнети со паштета и моцарела... Како резултат на оваа одлична комбинација на состојки добиваме извонреден вкус... Потребно е: 4 домати со средна големина 100 гр моцарела 2 млад...
Македонски готвачи освоија еден сребрен и три брон... Еден сребрен и три бронзени медали освои тимот на Македонската асоцијација на готвачи и шефови – ГастроМак Македонија, на годинешниот Втор меѓународен...
Брокули пудинг Одличен и едноставен рецепт за сите кои обожуваат брокули ... Потребно е: 300 гр брокули 2 лажици путер 1 помала главица кромид, ситно сецкан 2...