Народна поговорка, ЕМ ТП, ЕМ УПОРЕН не ќе да е на арно

Народна поговорка, ЕМ ТП, ЕМ УПОРЕН не ќе да е на арно

Животот е како басна, не се цени по должината туку по содржината

Обично за упорни луѓе се збори со епитет. Тие луѓе со својата упорност стигнале многу далеку, не се откажувале, не се обесхрабрувале дури и да постоел неуспех. Но сите тие упорни луѓе биле големи умови и биле научници кои допринеле за да општеството и светот биде поубаво место за живеење.

Само неколкумина како за пример ќе наведам, Тесла, Едисон, Бел, Ајнштајн итн. Мислам дека во нашава Македонија која на сите нам ни е мила и света, реткост е да слушнеш пофален збор за такви упорни луѓе кои се трудат од петни жили да направат нешто корисно за државата, кои сакаат да направат промена на нешто што не чини, да бидат единствено искрени и чесни и да го разбудат граѓанинот во нас кој за жал се уште некако ни спие.

За жал имаме упорни луѓе кои без грам ум, без совест, без образ, без морал и со празна лејка исконски се трудат да не вратат назад во казанот во кој гориме. Казанот на бедата, едноумието, смртта, молкот и темницата. Еј вие упорни едни, да да баш вие како за час не помислите за илјадниците семејства, за илјадниците наши потомства дека Македонија одамна е излезена од ропство, зар повторно сакате да робуваме на некој кој со празната глава се има замислено и вивнато во облаците и се умислил дека е цар?

Помниме како заврши таа интересна приказна кога покојниот Колозов беше умислил дека е цар, на крајот жената со стапот го освести дека не е цар. Кај нас го убедивме самопрогласениот цар со пенкало во рака не со стап за некоја негова среќа, но и за наша среќа бидејќи тој и неговите празноглави тапаци едвај чекаа да настане таа посакувана битка за да тие можат да летнат до Русија, Чешка, Куба или Јужна Америка.

Е па сега треба да се на јасно дека одговорност ќе има, ќе има резил, ќе има враќање на одземеното од народот. Зошто бе не бевте упорни сите овие десет години да ја направите Македонија земја со убава сегашност и иднина? Зошто дозволивте да се отселат сите, а и уште трае егзодусот? Зошто не помисливте на децата туку ги оставивте да умираат и да немаат иднина? Не направивте бетер од Сирија.

Каде ви беше тогаш душата, образот или бевте заслепени од големите цифри од пљачкосувањето на сопствениот граѓанин? Сега станавте упорни нели? Тргнавте во битка која се вика турни ме да кинисам и во затвор да не одам или дур има овци има и волна? Како ја нарекувате оваа битка? Битка за лоповите? Битка за царевите? Е драги ТПИ ама УПОРНИ крајот ви е близу, кажете им на вашите полтрони дека веќе не мора да се појавуваат со ортома околу вратот и да кажуваат проза и поезија качени на платформа од ДРПМНЕ купена, бидејќи они се дел од една животинска басна која на крај за нив ќе е бурлеска.

Само како за пример за нашава жална македонска басна ќе го спомнам ненадминатиот упорен министер-пратеник ОФФ ЛЕЛЕ кој навистина се истакна со неговата бескрајна упорност која резултираше со едно големо НИШТО.

Прашање. Дали некогаш не му се здосади толку упорно да лаже и да уништува се како слон во порцеланска продавница?

Ете какви раритети има земјава наша во споредба со погоре споменатите упорни и големи луѓе. Доста ни е од ТПИ а УПОРНИ аман.

Ангелчо Андоновски

Поврзани вести

Проклети да сте, на живо не’ одравте!... До кога овие луѓе со сериозни обвиненија ќе парадираат со облека сошиена од кожата на граѓаните?! До кога овие луѓе ќе ја сечат артеријата (црвената л...
Најдете си адвокати, ама не од тефтерчето на Горде... Добро бе бандо недоквакана, зарем мислевте дека навистина во 21 век и во модерен свет вие можевте да направите пашалук? Зар не ве подучија вашите учит...
До индивидуалката Ванковска... Драга Биле, си земам за право да го интимизирам ова мое обраќање до тебе, не дека си ми нешто особено мила, туку зашто на сличен начин ти мене ми се о...
Солзите на Солза и тагувањата на Билјана... Има нешто мазохистичко во овој народ, доколку тој се персонализира преку ликовите на Билјана Ванковска и Солза Грчева. Додека го газиш и понижуваш, по...
За пратеникот „патриот“ кој ги отвори вратите на... Патриотизмот е природна појава, а христијанството е натприродна. Патриотизмот е логичко-провинциска љубов и вистина, а христијанството општочовечка....
Овде е поскапо да умреш, отколку да живееш... Се изморив од библискава земја во која социјалните мрежи се црква и џамија, во која треварите и надри-лекарите лечат. Земја во која без референци ...