Полицијата спречила напад со автомобил-бомба во југоисточна Турција

Полицијата спречила напад со автомобил-бомба во југоисточна Турција

Турската полиција „неутрализирала“ напаѓач, кој планирал напад со автомолбил-бомба во градот Суруч, во округот Шанлаурфа, во југоисточна Турција, пренесе весникот „Хуриет дејли њуз“.

Полицијата отворила оган врз автомобилот, за кој имало сомненија дека е наполнет со експлозиви, откако возачот одбил да ја послуша наредбата да запре.

Осомничениот напаѓач од автомобилот бил „нетурализиран“, посочи турскиот весник.

Турските власти во своите соопштенија го употребуваат терминот „неутрализиран“ за да посочат дека сомнителното лице е убиено, рането или заробено.

Весникот „Џумхуриет“ пишува дека терористот сакал да изврши напад врз полициската управа во градот.

По инцидентот полицијата презела засилени безбедносни мерки во реонот.

На 20 јули 2015 година во самоубиствен бомбашки напад во Суруч, насочен против млади курдски активисти, беа убиени 34 лица. Турските власти за нападот ја обвинија групата Исламска држава.

Поврзани вести

Три лица убиени во Шибеник Во близина на Шибеник денеска во вооружен напад се убиени три лица, а убиецот е во бегство. Попладнево три лица се пронајдени мртви - две во семејн...
Косовската полиција заплени над 300 кг марихуана, ... Во одделни акции,во регионот на Ѓаковица и Урошевац, косовската полиција запленила над 300 килограми марихуана. Полицијата соопшти дека во Велика К...
Итна средба на парламентарните политички партии во... По неуспехот на преговорите на главните политички партии, Социјалистиката партија, Движењето за социјалистичка интеграција и Демократската партија, со...
Седум студенти повредени при експлозија на комбе в... Во експлозија на комбе со кое се превезувале студенти во Истанбул повредени се седум лица, јави турската државна агенција Анадолија. Експлозијата с...
Турската опозиција ќе поднесе жалба до Европскиот ... Главната турска опозициска Републиканска народна партија ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права, со цел да се оспори одлуката на изборна...
Две лица загинаа во бродска несреќа во близина на ... Две лица загинаа, а петмина се водат како исчезнати откако синоќа се судрија брод на Капетанијата во Дубровник и гумен чамец. Во гумениот чамец, ко...