Венецуела: Едно лице е застрелано при синоќешните протести против Мадуро

Венецуела: Едно лице е застрелано при синоќешните протести против Мадуро

Еден човек беше застрелан во текот на изминатата ноќ за време на протестите против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, соопшти Карлос Окарис, градоначалникот на регионот Сукре, местото каде се случило убиството.

– Со голема болка соопштувам дека Мелвин Гуаитан, скромен работник од Петаре, почина како последица од огнена рана, наведе Окарис на неговиот Твитер налог.

Окарис е член на опозицијата која е дел од организаторите на протестите, на кои досега загинаа девет лица.

– Настојуваме да се откријат виновниците за убиството и да бидат казнети, истакна градоначалникот.

Тој не даде дополнителни детали за случајот.

Од 1 април во Венецуела се одржуваат протести за оставка на претседателот Мадуро.

Поврзани вести

Египетската армија ликвидирала 40 членови на ИСИС... Египетските вооружени сили за време на долгата безбедносна операција на Синајскиот Полуостров, каде што членовите на вооружената група Исламска држава...
Тринаесет мигранти се удавија откако им се преврте... Тринаесет мигранти се удавија во Средоземното море, откако се превртел чамецот во кој се наоѓале. Меѓу загинатите има бремени жени и деца. Шпанската с...
Могерини: Турција и натаму е кандидат за членство ... Турција останува кандидат за членство во ЕУ, наспроти длабоката загриженост поради состојбата во таа земја во поглед на човековите права и владините п...
Австралиски министер поднесе оставка, незнаел дека... Министерот на Австралија, Мет Канаван, поднесе оставка бидејќи неговата мајка го информирала дека можеби има италијанско државјанство, поради што не м...
Доналд Трамп се подготвува да го смени Џеф Сешенс... Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да го смени државниот обвинител Џеф Сешенс и за тоа веќе разговарал со своите најблиски советници...
„Блиска средба“ на кинески борбени авиони и америк... Два борбени кинески авиони пресретнале американски авион за надгледување, во реонот на Источното Кинеско Море, по што тој се повлекол, соопшти денеска...