Штир: Испраќањето на хрватски војници во балтичките земји не е провокација за Русија

Штир: Испраќањето на хрватски војници во балтичките земји не е провокација за Русија

Планираното распоредување на хрватски војници во рамки на силите на НАТО во балтичкиот регион не е насочено против Русија, туку претставува знак на солидарност со сојузниците од НАТО, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Давор Иво Штир во одговор на предупредувањата од Русија дека натрупувањето војници од Алијансата на Исток претставува акт на провокација, јави Хина.

Оваа година НАТО планира да распореди околу илјада војници во сите балтички земји и во Полска, како дополнување на американските контингенти што веќе се распоредени во регионот.

Тие сили ќе вклучуваат до 300 хрватски војници, кои ќе бидат распоредени во Полска до крајот на 2017 година и во Литванија кон почетокот на 2018 година, според предлогот на хрватската Влада, што претстои да биде одобрен од страна на Парламентот.

– Тоа не е насочено против никого, туку претставува знак на солидарност во рамките на НАТО, изјави Штир на заедничката прес-конференција со неговиот литвански колега Линас Линкевичус.

– Во нашите билатерални односи со Русија ние дејствуваме како член на ЕУ и НАТО, но исто така сме отворени и за дијалог, посебно што се однесува на ситуацијата во југоисточна Европа и Босна и Херцеговина, додаде Штир.

Хрватскиот министер за надворешни работи планира посета на Москва подоцна овој месец.

Линкевичус изјави дека од другата страна на границата се распоредени 300.000 војници во западниот дел на Русија, кои се снбдени со најмодерно оружје, што може да носи боеви глави.

– Ние нема да ја ескалираме ситуацијата, но ќе испратиме јасна порака, дека сме тука, истакна тој.

Поврзани вести

Антипопулистичкиот популист на Франција... Проџект синдикејт - Прага Демократите од секој вид славеа кога стана јасно дека проевропскиот центрист Емануел Макрон, а не лидерката на крајнодесн...
Намалена предноста на конзервативците на Меј над л... За шест отсто е намалено водството на Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј над опозициската Лабуристичка партија во пресрет на ...
Во судири меѓу либиските милиции загинаа 78 лица, ... Во вчерашните судири меѓу либиските милиции во Триполи најмалку 78 лица загинаа и над 1.000 се повредени, соопштија денеска локалните здравствени влас...
Макрон го повика Трамп да него напушта Парискиот д... По завршувањето на самитот на Г-7 во Таормина, францускиот претседател Емануел Макрон, најде избрани зборови за Доналд Трамп, и покрај тоа што америка...
Бела куќа: Трамп останува посветен на принципот за... Американскиот претседател, Доналд Трамп, останува ангажиран во почитувањето на член 5 од Договора за НАТО, денеска пред медиумите изјави советникот за...
Ирачката полиција им забрани на жените од Мосул да... Полицијата во ирачкиот град Мосул денеска на жените од градот им забрани да носат „никаб“, покривката за целото лице на жената, и тоа во реоните ослоб...