Собранието во понеделник ќе ја продолжи конститутивната седница

Собранието во понеделник ќе ја продолжи конститутивната седница

Собраниската конститутивна седница на чиј дневен ред се изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и изборот на претседател на Парламентот ќе продолжи во понеделник.

Попладневниот дел од денешното 16. продолжение на оваа седница помина во реплики, контрареплики и процедурални забелешки на пратениците поврзани со тиранската платформа, и кој и зошто има корист од политичката криза во земјата, а не со расправа по точката на дневен ред.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од пратениците на СДСМ да се откажат од платформата, а решението го гледаат во одржувањето нови избори. Според нив, СДСМ треба да одговори што договориле со прифаќањето на тиранската платформа.

Пратениците од СДСМ пак побараа да се зборува за точката од дневниот ред на седницата. За нив најважно е деблокирањето на Собранието и изборот на нов собраниски претседател.

Согласно договореното, во Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.

Поврзани вести

Променливо облачно, од пладне повремени врнежи од ... Времето во Македонија ќе биде променливо и од пладне ќе има повремени врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови, на места проследен...
Ахмети предложи шест министри за новата Влада... Демократската унија за интеграција, вечерва на јавноста и ги презентираше нивните предлози за министри во новата влада. Интерно, партијата соопшти шес...
ВИДЕО: Граѓаните на протест пред „Про Кредит”, бан... Огномет од речиси 400 квадратни метри ги крена на нозе, жителите на Општина Карпош. И оваа година, како и минатата, „Про Кредит” банка дека ќе ја зага...
(ВИДЕО) Шекеринска: Да ги заборавиме овие кризни 1... Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска по реизборот порача дека пред нив стои остварлив предизвик граѓаните да ги заборават овие кризни 1...
Општински натпревар по прва помош во Крива Паланка... Шеесетина волонтери на општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка учествуваа на денешниот општински натпревар по прва помош. Учесниците ...
ВИДЕО: Зоран Заев останува на кормилото на СДСМ... Зоран Заев е реизбран за претседател на СДСМ. Вака одлучија седумстотината делегати на редовниот 22 Конгрес на партијата. На функцијата заменик пр...