Стивен Ховарт сака да го спаси светот и за тоа бара само 200.000 долари

Стивен Ховарт сака да го спаси светот и за тоа бара само 200.000 долари

Стивен Хауарт сака да го спаси светот од неминовна катаклизма и оценува дека за тоа му се потребни околу 200.000 австралиски долари.

Хауарт, во рамки на програмата „Астероид шилд“ сака да направи прва подвижна опсерваторија во Австралија, со која планира да крстосува по континентот во потрага по астероиди кои се на пат кон нашата планета.

Како и повеќето денешни креативци, покрена онлајн кампања за собирање средства, при што од јавноста бара само 200.000 австралиски долари. До сега собрани се само сто.

Сепак, тоа не го обесхрабрува во намерата да набави голем телескоп, да го намести во приколка на камион мерцедес унимог и да го следи небото од разни агли за да може на време да го види потенцијалниот опасен астерод.

– Нашата земја е најпогодна за следење на небото и воочување на такви објекти, смета Хауарт.

Покрај тоа што ја спасува планетата од астероиди, Хауарт се надева и дека со помош на телескопот на тркала на учениците ќе им ја доближи астрономијата.

Поврзани вести

Порше не сака да оди на суд, на клиентите им купув... Во еден од најнеобичните вонсудски договори, Порше се обврза на сопствениците на одредени модели на оваа марка во САД да им исплати пари за купување н...
Кинезите од саемот во Франкфурт тргнуваат во поход... Кинескиот автомобилски бренд „Чери“ (Chery) сака да го освои Стариот континент, а првиот нов модел за европскиот пазар ќе го претстави веќе во септемв...
Фејсбук додава нова опција за да ги поттикне корис... Фејсбук ова лето почна да тестира неколку нови опции за камерата, а најинтересна е можноста за снимање на GIF-ови. Фејсбук се одлучи на корисниците да...
Европската унија почнува да развива европски супер... Европската комисија веќе подолго време размислува за изградба на супер компјутер на подрајчето на ЕУ, кој би служел на земјите членки и би овозможил н...
Изум кој го унапредил возењето: 90 години на серво... Без никакви дилеми, системот за сопирање е прв и најважен дел од безбедносните компоненти на возилата, но пред еден век автомобилските сопирачки со ма...
Хај-тек славини за бањи Еден од најефективните начини да ја модернизирате својата бања е вградување на хај-тек елементи. Кога се во прашање хај-тек уредите за бањи, со де...