Русија: Изјавите на Рама и Тачи ги креваат тензиите на Балканот

Русија: Изјавите на Рама и Тачи ги креваат тензиите на Балканот

По повод изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи за обединување на делови од Србија со Косово, руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека „зад лицемерните разговори за стабилизација во регионот под чадорот на НАТО всушност се поткопуваат темелите на стабилноста“.

„Покрај прикриените и неосновани обвинувања на сметка на Русија за обиди за дестабилизација на ситуацијата во Југоисточна Европа, се преземаат мерки во стварност да се преточи големоалбанскиот проект, овој пат со потпирање врз Уставот на Албанија, што на Тирана и дава за право да ги штити интересите на сите Албанци надвор од Албанија“, соопшти рускиот МНР, а пренесува ТАСС.

Овој курс на прекројување на границите на Балканот драматично го поткрева нивото на потенцијал за судир, го пренесе руската агенција соопштението на руското МНР

„Токму во ова светло ги толкуваме изјавите на Рама и Тачи“, порачуваат од руското Министерство за надворешни работи.

Поврзани вести

„Хуриет“: ЕУ на Турција и понудила нова 12-месечна... Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека Европската Унија на Турција и доставила нова 12-месечна програма за обновување на односите, прен...
Осум загинати во сообраќајка на патнички автобус к... Патнички автобус, движејќи се по редовната рута Кастамону-Анкара, утринава се превртел на патот, во близина на Калеџик. Според податоците на локалн...
Тачи: Верувам во демократски, модерни и европски и... Косовскот претседател Хашим Тачи се надева дека предвремените парламентарни избори во неговата земја, закажани за 11 јуни, ќе бидат фер, демократски, ...
Инџирлик – стратешки важна и спорна база... Дојче веле - Бон Турската воена база Инџирлик има долга историја, од бази против советската експанзија, до бази за борба против Исламската држава, ...
Албанија му враќа на Бразил 26 тони месо поради са... Албанската Национална комисија за храна соопшти дека ја враќа пратката со месо во Бразил, откако при проверките било утврдено присуство на високо ниво...
Грција се надева на уште една рекордна година за т... ДПА - Хамбург Рекордниот број туристички посети во 2016 година не беа доволни за да ги компензираат проблемите и економските мерки во Грција, но си...