Меркел ги губи потенцијалните партнери за централно – десничарска влада

Меркел ги губи потенцијалните партнери за централно – десничарска влада

Германската партија „Слободни Демократи“ (ФДП) ја отфрла можноста да биде дел од каква било владина коалиција која што без соработка со Меѓународниот Монетарен фонд (ММФ) ќе продолжи финансиски да поддржува членки на Еврозоната кои што се соочуваат со банкрот.

Лидерот на ФДП Кристијан Линднер денеска се спротивстави на министерот за финансии Волфганг Шојбле кој предходно изјави дека новата програма за спас на проблематичните членки на ЕУ не треба да го вклучува ММФ туку да биде европски проект, јавуваат германските медиуми.

Линднер ја обвинува канцеларката Меркел дека целосно ја менува политиката за спас на земјите членки кои што имаат проблем со ликвидноста и се спротивставува на идејата на Шојбле за претворање на „Европскиот механизам за стабилност“ во „Европски Монетарен Фонд“ односно пандан на ММФ.

„ФДП нема да поддржи таква политика. За нас е апсолутен предуслов идниот пакет за помош во Европа да се базира на независна експертиза и капиталот на ММФ како институционален дел од програмата за спас“, смета Лиднер, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Либералната бизнис ориентирана ФДП традиционално е дел од централно – десничарската коалиција во која влегуваат ЦДУ на Меркел и баварската ЦСУ а за последен пат таква влада ја водеше Германија од 2009 до 2013 година.

Со овие позиции на ФДП дури и заедно со ЦДУ/ЦСУ да дојдат до 50 % поддршка кај електоратот тешко може да се очекува алтернатива за сегашната голема коалиција составена од Христијанските демократи на Меркел и Социјалдемократите. ФДП (6,5 %) заедно со ЦДУ/ЦСУ (36 %) сега има околу 43 % поддршка во јавноста.

Поврзани вести

ВИДЕО: Протест против полициска бруталност во Лонд... Шестмина полицајци се повредени, а четири лица се уапсени и задржани во притвор по насилните демонстрации во Лондон, поради смртта на еден млад човек ...
Михаи Тудосе ќе биде номиниран за премиер на Роман... Романската владејачка Социјалдемократска партија одлучи да го номинира миниситерот за економија во заминување Михаи Тудосе (50) за нов премиер. Нег...
Конзервативците на Меј се спогодија со ДУП за парл... Конзервативната партија на премиерот Тереза Меј успеа да постигне договор со северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) за поддршка во Парл...
Британски министри предлагаат Филип Хамонд да биде... Министри во британската Влада, кои не се согласуваат Тереза Мај да остане во Даунинг стрит 10, предлагаат актуелниот министер за финансии, Филип Хамон...
Затворениот кинески нобеловец ослободен поради „не... Кинескиот нобеловец Лиу Ксиаобо (61) е ослободен од затвор, откако лекарите утврдиле дека е болен од рак на црниот дроб, објави хонгконшкиот весник „С...
Ирската морнарица спаси 712 мигранти во близина на... Ирската морнарица спаси 712 лица, меѓу кои и бремени жени и бебиња во близина на брегот на Либија. Операцијата е изведена во рамките на меѓународната ...