Утре не очекува сончево време со мала до умерена облачност и температури до 17 степени

Утре не очекува сончево време со мала до умерена облачност и температури до 17 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од девет до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во недела повторно ќе има засилен северен ветер особено во северните делови и в долж Повардарието. Во недела попладне ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд, а преку ноќта на планините појава на слаб снег.

Од понеделник утринската температура полека ќе се покачува, а во вторник наутро се очекуваат позитивни утрински температури насекаде. Дневните температури од недела брзо ќе се покачуваат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела ќе надминуваат 20 степени пред се на југот од земјата.

Поврзани вести

Дамјановски во посета на Кумановското муфтиство... радоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски и дел од советниците од Советот на општината, денеска, по повод Рамазан Бајрам го посетија муфтиј...
Делчевските планинари се искачија на врвот Маљовиц... Делчевските планинари го освоија врвот Маљовица на Рила со надморска висина од 2729 метри. Како што истакна денеска на прес-конференција Љупчо Чучуков...
Народниот правобранител: Поддршката на жртвите од ... Обврската за борба против тортурата и нехуманиот третман не смеат да бидат само декларативни, туку крајно време е властите да преземат конкретни мерки...
Попладне локална нестабилност, од четврток уште по... Во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе ...
ВИДЕО: Хан пристигна во Владата на Република Макед... Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пристигна во Владата на Република Македонија каде ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. На средбата ќе се ...
Штипјанец пронајден починат во својот стан... К.Г. (55) од Штип вчера во 20:15 часот бил пронајден починат во сопствениот стан на улицата „Стојан Гологанов“, а од страна на лекар била констатира...