Доделени наградите на учесниците на поетскиот конкурс на библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово

Доделени наградите на учесниците на поетскиот конкурс на библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово

Вработените од Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ во Тетово денеска во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во градот им ги доделија наградите на учесниците на поетскиот конкурс организиран во пресрет на 23 Април, Светски ден на книгата и авторските права.

Според Ѓултен Ајрулаи, вработена во библиотеката, на конкурсот што бил од слободна тема учествувале учениците од 20 основни училишта од Тетово и тетовско.

– На конкурсот пристигнаа 396 песни на албански јазик и околу 150 песни на македонски јазик што покажува дека има навистина голема заинтересиранот и одѕив од учениците, но и нивните ментори кои постојано соработуваат со нас. Песните во најголем дел се посветени на пролетта, татковината, книгата итн., така што комисијата ќе има навистина тешка работа да ги избере трите третопласирани, двете второпласирани и едната песна што ќе освои прво место за секој од јазиците. Освен тоа решивме со пофалница да ги наградиме сите учесници на овој поетски конкурс рече Ајрулаи.

Таа најави дека за конкурсот за следната година ќе се обидат сите пристигнати творби од учениците да ги испечатат како книга за да остане сведоштво за нивниот талент и нивната љубов кон пишаниот збор.

Поврзани вести

Две Гран-при награди за кочанските ученици на фест... Вкупно осум награди од кои две Гран-при освои тимот ученици од ОУ „Никола Карев“ на 9. „Марковденски средби за деца и поети“ што се одржа во Бачка ...
Девет концерти на 16.ОфФест од 25-ти до 28 мај... Девет концерти и еден документарен филм во четири дена се на програмата на 16-тиот ОфФест, кој во организација на Скопски џез-фестивал ќе се одржува о...
Актери од Крива Паланка на Меѓународен театарски ф... Претставата „Не обложувај се на Англичани“ во изведба на актерите од драмското студио при Центар за култура Крива Паланка беше изведена на Меѓународни...
Награда за документарниот филм „Езеро од јаболка“ ... Документарниот филм „Езеро од Јаболка“ поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Швајцарската агенција за развој и соработка ја д...
По втор пат распишан конкурсот за избор за најдобр... Општина Куманово по втор пат го распиша конкурсот за избор за најдобра фотографија со мотиви од Куманово – „Мое Куманово“. Конкурсот се распишува...
Книга за нуклеарната катастрофа во Чернобил од ноб... Издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „Чернобилска молитва“ од белоруската авторка Светлана Алексиевич, добитничка на Нобеловата награда за лит...