Црногорско МНР: Обвиненијата на Москва се дел од „специјалната медиумска војна“

Црногорско МНР: Обвиненијата на Москва се дел од „специјалната медиумска војна“

Црногорското Министерство за надвореши работи ги отфрли како неосновани обвиненијата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за „антируската хистерија“ во Црна Гора.

Во Црна Гора не е регистриран ниту еден случај во кој руски бизнисмен или турист имал каква било непријатност, ниту пак во земјата постои какво и да е непријателско расположение кон рускиот народ. За тоа можат да сведочат илјадниците Руси кои се наоѓаат во Црна Гора, стои во соопштението.

Црногорското Министерство оценува дека тврдењата на Захарова се продолжение на „специјалната медиумска војна“ на Москва против Подгорица со познатиот мотив, против членството на Црна Гора во НАТО.

Синоќа, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија не ја исклучува можноста за провокации против руските граѓани во Црна Гора, вклучувајќи и приведувања врз основа на сомнителни мотиви и нивно предавање на трети земји.

– Во Црна Гора очигледно се создаде неповолна ситуација за Русите. При наглото влошување на билатералните односи, што беше испровоцирано од Подогорица, претстојното пристапување на Црна Гора во НАТО, одлуката на црногорските власти за целосно прифаќање на санкциите на ЕУ против Русија, забележуваме раст на антируското расположение. Согледуваме зајакнување на негативниот однос кон рускиот бизнис и кон нашите сограѓани. Не ја исклучуваме можноста за провокации, апсења врз основа на сомнителни мотиви и предавање на руски државјани во трети земји, главно во САД, истакна Захарова.

Таа нагласи дека поттикнувањето на русофобијата не е карактеристично за Црногорците и целосно лежи на совеста на политичарите во земјата.

Поврзани вести

Британскиот амбасадор во Приштина апелира да не се... Амбасадорот на Велика Британија во Косово, Руери О’Конел и се придружи на кампањата „Ниту јас“ да не се гласаат кандидатите за пратеници, кои се корум...
Албанскиот парламент ги изгласа техничките министр... Албанскиот парламент на вонредната седница одржана вечерва, во рамки на политичкиот договор Рама-Баша, ги изгласа измените во Владата на премиерот Еди...
Грабар-Китаровиќ: Постојано одржување избори не е ... Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска изјави дека се надева оти по вториот круг од локалните избори, што ќе се одржат за две недел...
Вучиќ: Името на новиот српски премиер ќе се знае з... Актуелниот српски премиер и новоизбран претседател на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека името на неговиот наследник на премиерската функциј...
Започна процесот против главните осомничени за оби... Судскиот процес против главните осомничени за обидот за преврат во Турција минатата година започна денеска, под засилени безбедносни мерки, јави агенц...
Питела: ЕУ ризикува Балканот да премине во руска о... Шефот на пратеничката група на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Џани Питела изјави дека на државите од Западен Балкан, кои сакаат ...