ДОМ во Битола и Прилеп за подготовка за локални избори

ДОМ во Битола и Прилеп за подготовка за локални избори

Делегација од ДОМ со претседателката Лилјана Поповска и пратеничката Маја Морачанин ги посети Битола и Прилеп за подготовка за локалните избори. Со општинските организации разговараа за политичката ситуација и за локалните приоритети на ДОМ.

Како што истакна Поповска за локалната телевизија, локалните избори се неизбежни и партијата мора да биде подготвена, поради што започна обиколка на локалните ограноци. Морачанин, пак, ги истакна зелените програмски приоритети: измени во урбанизмот и градењето, масовна примена на зелената економија која ги отфрла валканите технологии, како и рамномерен регионален развој и дескопјанизација.

Во Битола беше истакнат нерешениот проблем со загадувањето на воздухот од РЕК, но и нараснатиот проблем со дивите депонии околу градот на конзулите, што е документирано и со фото-албум. Ќе следуваат и еколошки акции за нивно расчистување.

Делегацијата се запозна и со работата на здружението на пчелари од подпелистерското Дихово, кои се борат за зачувување и зајакнување на автохтоната пчела, во заштита на биодиверзитетот. Тие со голем ентузијазам го промовираат и т.н. апи-туризам, единствени досега во Македонија, со организирани посети на местата на производство на мед и негова дегустација.

Во Прилеп беше искажана големата загриженост поради облаците со прашина што доаѓаат од РЕК Битола и потребата да се постави мерна станица за следење на загадувањето на воздухот. Во прилог на зголеменото загадување оди и дивата сеча во околината на градот, која соголува цели појаси зеленило, за што е потребна итна реакција од шумската инспекција.

Членовите на ДОМ-Прилеп работат на двете иницијативи, почнувајќи со прибирање информации од направените мерења и студии на овие теми, се вели во соопштението на ДОМ.

Поврзани вести

Спасовски: Во наредниот период ќе отвориме повеќе ... Во рамките на редовните понеделнички средби во Централата на СДСМ вечерва се одржа средба на која гостуваа генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасов...
(ВИДЕО) Заев: Ги приближуваме ставовите околу ресо... „Разговараме за распределбата на политичките субјекти и граѓанскиот сектор од аспект на распределбата на ресорите. Ги приближуваме пополека ставовите....
Свечена академија на УКИМ по повод Денот на Кирил ... Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ вечерва, со свечена академија во Македонска опера и балет, го заокружи одбележувањето на 68-годишнината од основање...
(ВИДЕО) Касами по средбата со Заев: Интензивно пре... Лидерот на БЕСА, Билал Касами по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека интензивно преговараат за новата влада која ќе биде реформска. ...
Заев и Ахмети разговараа за распределбата на ресор... Новиот владин кабинет има потреба од одговорни и квалификувани кадри, заклучија денеска претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, кои ...
ВИДЕО: Касами на средба со Заев... Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во партиското седиште се сретна со лидерот на БЕСА, Билал Касами. Заев и Касами ќе зборуваат за составот на новата ...