Осумстотини ученици учествуваа на „Ролер трката 2017“

Осумстотини ученици учествуваа на „Ролер трката 2017“

Под мотото „Возиме кон иднината“ денеска се одржа „Ролер трката 2017“, во организација на Град Скопје и ЈУ „Детскиот културен центар-Карпош“.

На ролеријадата, како што информира Град Скопје, учествуваа околу 800 ученици од 28 основни училишта од Скопје и од околината.

Учесниците во ролер трката возеа од пред фонтаната Лотос цвет, по булеварот „Илинден“ до клучката на булевар „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ и назад до стартот.

„Ролер трката 2017“ почна со женската трка на која првото место го освои Наталија Миновска од ОУ „Ј.Х.Песталоци“, втора беше Ивана Танчин од ОУ „Гоце Делчев“, а трето место го освои Анџелика Јаневска од ОУ „Димитар Беровски“.

На машката трка победи Никола Новаковиќ од ОУ „Блаже Коневски“, второто место го освои Никола Митровиќ од ОУ „Ј.Х.Песталоци“, а трет беше Никола Баџаков од ОУ „Ј.Х.Песталоци“.

Учениците коишто го освоија првото место за награда добија ролерки со заштитна опрема, пласираните на второто место добија ролерки, а пласираните на третото место заштитна опрема.

Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.

На Ролер трката, која што годинава се одржа по шести пат, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Поврзани вести

За 10 фунти купила прстен со бријлијант од 26 кара... Една Англичанка во 80-те години од минатиот век купила прстен на распродажба за само 10 фунти, но по повеќе од три децении случајно дознала дека тој и...
Мјузиклот „Мама Миа“ следната година добива продол... Десет години по премиерата на филмската верзија на мјузиклот „Мама Миа“, режисерите најавија ново продолжение, а Мерил Стрип, Аманда Сејфрид, Пирс Бро...
Џастин Трудо им „влезе во кадар“ на матуранти на з... Премиерот на Канада Џастин Трудо непланирано „влезе во кадар“ на матуранти на Стенли Парк шеталиштето во Ванкувер. Познато е дека Трудо се занимава...
Москва: На дно на река пронајден златник вреден 17... Аматерски ловец на богатство пронајде на дното на реката Јауза во Москва 400 години стар златник, со вредност од повеќе од 17.000 долари. Ова вредн...
Внимавајте на „чет емотиконите“, оти може да имате... Сите сме навикнати да ги користиме т.н. „чет емотикони“, оние мали сликички или анимации кои ги ставаме во коментарите во приватните, но и јавни онлај...
Италијанската влада подарува над 100 дворци, вили ... Ако Италија е земја во која од секогаш сте сакале да живеете, еве можност тоа и да го остварите, објави „Нешнл џеографик“ Италијанската влада подар...