ВИДЕО: Младите полицајци и после две години работат како приправници за двојно помала плата

ВИДЕО: Младите полицајци и после две години работат како приправници за двојно помала плата

Независниот полициски синдикат од министерот за внатрешни работи бара итно распоредување на 400 полициски приправници кои успешно ја поминале обуката за полицајци. Според Правилникот за систематизација на Бирото за јавна безбедност овие млади лица добиваат решение за приправнци за првите шест месеци откако ќе ја поминат обуката, а потоа добиваат решенија како полноправно вработени во МВР, но наместо решение за вработување, младите повеќе од две години работат како приправници и наместо за полна плата од околу 24 илјади денари тие работат за двојно помала од 11.200 денари иако ги исполнуваат сите услови да бидат регуларно вработени во Министерството за внатрешни работи.

-Го замолувам министерот за внатрешни работи ова да го сфати како сериозна порака лично од моја страна и од Независниот полициски синдикат – вели претседателот на Независниот полициски синдикат Делчев Тодев.

Тој потсети дека на 20 мај истекува рокот во кој Министерството за внатрешни работи треба да ги изготват решенијата за полицајци. Исто така, Тодев истакна дека на средбата со претставници на Министерството им било посочено дека во услови на политичка криза, ресорниот министер има само технички овластувања и нема можност да ги потпише решенијата, што го остава отворено прашањето дали статусот на овие лица ќе остане нерешен.

Виктор Јованов

Поврзани вести

Зврлевски разрешен, како ќе се бира 16-от јавен об... Собранието на РМ во „Службен весник " и во најмалку два дневни весника од кои eден на албански јазик,  по разрешувањето на Марко Зврлевски , треба да ...
Утре ќе биде претежно сочево и топло, температури ... Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8. Утринската ...
(ВИДЕО) Богојески: Никола Груевски како лидер на В... Иницијаторот за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески побара заминување на Никола Груевски од лидерската позиција зошто неговото останување ќе значи ...
Жерновски: Разрешен е Марко Зврлевски, најголемиот... Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски го коментира денешното разрешување на Марко Зврлевски за кој вели дека е  најголемиот заштитник на ...
Работна посета на Министерот за надворешни работи ... По посетите на Данска и Шведска, денеска Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров престојуваше во работна посета на Хе...
Судскиот совет одзеде имунитет на судии обвинети в... Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за одземање на имунитетот на петмината судии од Управниот суд обвинети во „Т...